7 трикови за подобро да се спакувате за летниот одмор

Мора да признаете дека отсекогаш ви претставувало проблем да ги спакувате само најважните работи кои ќе ви бидат потребни на вашето патување. За да не ви се случи тоа повторно и овој летен одмор, ние ви предлагаме едноставни начини со чија помош ќе го испразните вашиот куфер, а истовремено ќе имате доволно комбинации за сите планирани ситуации од патувањето.

1. МАРШУТА

Размислете на планот за патувањето. Дали имате идеја каде ќе одите и што ќе правите на вашето патување? Она што  најмалку посакувате е да останете во хотелската соба, бидејќи не сте понеле прикладна облека за некој настан на одморот.

2. ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ

Пред да тргнете на патувањето, проверете какво ќе биде времето во вашата дестинација. Ако одите на некое место каде што е многу жешко сигурно нема да ви треба чадор за дожд, но затоа ќе мора да понесете тенко џемперче кое би го носеле во вечерните часови кога е можно да биде постудено.

3. ПЛАНИРАЊЕ

Запамтете дека клучот за да немате пренатрупан куфер е всушност тенката облека. Сигурно не сакате да бидете мета на озборување дека носите иста облека цела недела. Па затоа ќе спакувате поголем број парчиња тенка облека, кои ќе можете да ги комбинирате на повеќе начини.

4. ОДБЕРЕТЕ ВНИМАТЕЛНО

На облеката во темни бои и со принтови помалку се забележуваат дамките, па тие се секогаш одличен избор при патување. Не велиме дека не смеете ништо да исперете, но ако одите на кратко патување, не сакате на тој начин да го  поминете и така краткото време кое ви е на располагање. Исто така, внимавајте и на боите. Црната и кафеавата боја се одлични за експериментирање и може лесно да ги искомбинирате со неколку модни додатоци.

 

5. ОМИЛЕНИ ПАРЧИЊА ОБЛЕКА

Сите ние имаме наши сигурни комбинации кога се работи за облеката и за додатоците. Не заборавајте да спакувате некои од вашите омилени ремени и марами за да ги развеселите комбинациите.

6. ПАТНА ТОРБА

Одберете полесна патна торба доколку планирате да одите на шопинг додека сте на патувањето. Не е на одмет да носите и мала чанта каде ќе ги носите најпотребните работи додека сте на некој дневен излет.

7. ОБЛЕЧЕТЕ ЈА

Друг одличен трик кој може да го примените е да ја облечете најтешката облека при поаѓање и враќање од патувањето. На пример, доколку имате дебел џемпер, пар на чизми или јакна кои ќе зафатат многу место во вашиот куфер, едноставно, облечете ги.

Исто така, не заборавајте да проверите кај компанијата со која ќе летате кои се ограничувањата на големината и тежината на багажот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби