Болни вистини на кои најчесто забораваме

Постојат бројни животни лекции кои безброј пати сме ги слушнале, но од некоја причина не сме ги научиле. Тоа нè спречува целосно да уживаме во животот и во сета магија која тој ни ја нуди.

Доколку добро ги врежете во вашиот ум следните неколку факти и на нив се потсетувате постојано, ќе бидете значајно посреќна личност.



Просечниот човечки живот е релативно краток

Не жалете за минатото и не се опседнувајте со тоа што ќе биде во иднина. Животот е само она што го имаме во моментот. Затоа, живејте го животот денес - сега и тука! Преземајте ризици, бидете активни и храбри.

Самите го креирате сопствениот живот

Сето она што ви се случува е резултат на вашите одлуки кои ги имате донесено. Другите може да ви ги наметнуваат нивните размислувања, но на вас останува што ќе прифатите и каква акција ќе преземете.

Тоа што сте зафатени не значи дека сте и продуктивни

Ве исполнува ли работата која ја имате? Може дневниот распоред да ви е преполн со обрски, но всушност да не правите ништо што ве исполнува и не го искористува вашиот капацитет и потенцијал. Размислете кои од вашите активности треба да ги оставите, а кои да ги отфрлите и замените со нови.



Одреден вид на неуспех секогаш се појавува пред да настапи успехот

Не жалете за грешките кои ги правите. Тие се неизбежен дел од учењето и усовршувањето. Бидете истрајни и трпеливи. Извлечете го најдоброто од нив и искористете го тоа искуство да станете уште подобри сè додека не ја постигнете вашата цел. А потоа, поставете си нова!

Намерата и акцијата се две многу различни нешта

Успехот никогаш не им доаѓа на оние кои само размислуваат за него. Запрашајте се што е она што ви е навистина важно и потоа организирајте си го животот за да го постигнете тоа. Никогаш нема да се почувствувате 100 % подготвени за да го направите првиот чекор, па затоа започнете со тоа уште денес!



Не треба да чекате извинување за да простите

Животот станува многу полесен кога ќе научите да ги прифаќате и оние извинувања кои не сте ги примиле. Клучот лежи во тоа да бидете благодарни за искуството, без разлика дали истото е позитивно или негативно. Позитивното ќе ви го стопли срцето, но негативното ќе ве научи и ќе ве направи помудри. На крајот на краиштата, да простите значи да се ослободите од негативните емоции и негативната енергија кои се поврзуваат за одредената личност.

Некои луѓе едноставно не се за вас

За некои луѓе никогаш нема да бидете доволно добри, без разлика колку вложувате во вашиот однос. Тоа се оние кои во суштина не се задоволни со самите себе, па затоа не трудете се залудно околу нив. Бидете доволно храбри да се оттргнете од оние кои ви ги кратат крилјата ве влечат надолу.

Добрата енергија не се гледа туку се чувствува. Држете се до оние кои ја шират и покрај кои се чувствувате пријатно во сопствената кожа.



Не е должност на другите да ве сакаат – таа должност е ваша

Важно е да бидете добри со луѓето околу вас, но уште поважно е да бидете добри со самите себе. За да постигнете било што во животот, мора да се сакате себе си. Бидете свесни за сопствената вредност, дури и доколку другите не ја знаат.

Она што го поседувате не го дефинира тоа што сте

Односите со луѓето и моментите кои ве прават среќни е она што е важно во животот. Ова е многу вреден потсетник во модерното време, кое за жал се заснова на лажен морал и материјални вредности. На крајот на краиштата, што ќе ви е богатство ако нема со кого да уживате во него, доколку немате од кого да почувствувате искрена љубов, грижа и топлина?

Сè се менува во секунда

Луѓето и околностите доаѓаат и си одат од вашиот живот. Работите се менуваат најчесто сосема спонтано. Ничиј живот и ниту една ситуација не можат да бидат стопирани. Престанете да живеете во минатото. Прифатете ја промената и сфатете дека сè се случува со причина. Можеби на почетокот нема да биде очигледно, но на крајот ќе сфатите дека вредело.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби