Ја прекинала хемотерапијата за да роди здрава ќерка

Кога дознала дека е бремена, Никол Кокс ја одбила хемотерапијата и трансплантацијата на матичните клетки со цел да роди здрава ќерка. Наместо тоа, таа со рак на коскена срцевина, се борела само со здрава исхрана. Сепак, кога ја родила ќерката Хериет, Никол решила да се врати на лекувањето, но починала кога Хериет имала само 8 месеци!

Го жртвувала својот живот за ќерка и



Семејството ја опишува Никол како храбра, убава и одлучна жена која го дала својот живот за своето дете. Да продолжила со хемотерапијата ќе преживеела, но немало да го роди бебето кое толку многу го посакувала.

Никол три години се борела со ракот, кој ја напаѓа коскената срж, поради што се создаваат абнормални клетки, а потоа доаѓа до инфекција и фрактура.

Таа сакала да ја зачува својата плодност и се плашела дека токсините ќе влијаат врз шансите да остане бремена. Кога успеала во тоа, сè уште ја одбивала хемотерапијата. Хериет се родила со царски рез во јуни 2012 година, но тестовите покажале дека ракот кај Никол бил во поразвиен стадиум и затоа докторите и предвиделе само неколку недели живот. Иако подлегнала на трансплантација и хемотерапија, веќе било прекасно.

Никол починала кога Хериет имала 8 месеци



Мајката почнала да чувствува контраиндикации од  лекувањето кои завржиле со  сепса и срцево запушување. Докторите тврделе дека е трагично што ни трансплантацијата на матичните клетки не можело да ја спаси.

Нејзината фамилија сега собира пари за истражување на овие тешки болести. Како што тврдат од Центарот за проучување на ракот во Велика Британија, хемотерапијата е безбедна само за време на првите 14 недели од бременоста, но и неколку недели пред породувањето. Сега повеќе се истражува на кој начин хемотерапијата би можела долгорочно да влијае врз здравјето на плодот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби