Знаци дека не сте доволно мудри

„Сознај што те придвижува нанапред, а што те држи наназад, па потоа избери го патот кој води кон мудроста“, рекол Буда.

За жал, внатрешната мудрост не е нешто што можеме да го прочитаме во учебник и да го примениме, туку мора истата да ја живееме. Ритамот и активностите кои ни го сочинуваат секојдневието нè одвлекуваат од контактот со самите себе. Низ следните шест примери дознајте дали стоите на патот на вашата лична мудрост без да бидете свесни за тоа.



„Ја судите книгата по корицата“

Предрасудите за светот и за се околу вас се препреки на патот до мудроста. Доколку се потпирате на првиот впечаток, пропуштате некои од најважните и прекрасни лекции кои се наоѓаат веднаш под површината на нештата. Бидете емпатични – трудете се да се поврзете со другите наместо да ги судите. На тој начин ќе учите многу повеќе од секоја интеракција, а со тоа ќе станувате помудри.

Не учите од сопствениот неуспех

Кога чувствуваме болка, срам или пониженост од грешките кои ги правиме, полесно ни е да ги исклучиме негативните емоции и така да се потрудиме да ги надминеме. Ова игнорирање на грешките, наместо нивно набљудување и проучување, ќе придонесе истите повторно да ви се појавуваат и во иднина. Затоа, научете да се соочувате со вашите чувства, колку и да е тоа непријатно и болно. Ќе научите многу од тој процес.



Не застанувате за да го поставите прашањето „Зошто?“

Постои поговорка која вели дека ќе забележите колку е човекот паметен според неговиот одговор, но неговата мудрост ќе ја видите во прашањето кое ќе го постави.

Не сте добар слушател

Само ако го слушате соговорникот не значи дека навистина го примате она што ви го кажува, обидувајќи се да го разберете. Тоа може да биде навистина исцрпна задача која бара голема концентрација, но ќе биде одлична за вашата мудрост, како и за квалитетот на односите кои ги имате со луѓето околу вас. Впивајте го туѓото искуство, учете од туѓите грешки, сознајте ново гледиште за работите... Поттикнете ја внатрешната моќ и посветете вистинско внимание кога некој ви зборува. Ќе се изненадите каков ефект има тоа врз таа личност, но и врз самите вас.



Ги игнорирате вашите инстинкти

Клучна работа за искористување на мудроста која се крие во вас е синхронизирање на она што го правите со вашата интуиција. Слушајте го внатрешниот глас – тој не е случаен и се базира на стекнатите искуства, на несвесно или свесно поле.

Не ја искористувате тишината

Платон рекол дека мудриот човек зборува кога има нешто да каже, додека будалиот затоа што мора да каже нешто.

Неодамнешна студија открила дека 67 проценти од мажите и 25 проценти од жените попрво своеволно би си дале електрошокови, отколку да седат сами во празна просторија и да бидат оставени на сопствените мисли. Иронично е тоа што модерниот свет на константна комуникација и стимулации во кој живееме, ја прави тишината да биде непријатна и крајно неприродна, а токму таа е клучот со кој можеме да ја негуваме сопствената мудрост. Без разлика дали тоа го нарекувате медитација или не, одвојте време да седите сами со вашите мисли кои талкаат и видете каде ве носат тие. Ќе се изненадите колку многу можете да научите од самите себе.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби