Бидете генијалецот на вашето време

Светот би бил многу подобро место за живеење кога луѓето би биле позадоволни со себе и конечно би сфатиле дека креативноста ја носиме во себе, само што треба да ја истакнеме. Секој човек крие креативност која мора да ја покаже на секој можен начин. Магазинот „Psychology Today“ се погрижи да открие неколку работи преку кои ќе можете да ја разработите вашата креативна страна, односно да ви ги открие оние работи кои не ве научиле на училиште.



Креативни сте

Уметниците не се посебни луѓе, во секој од вас се крие посебен вид на уметник. Сите сме родени како спонтани мислители, но разликата меѓу креативните и некреативните е во верувањето. Креативните луѓе веруваат дека се креативни, а останатите дека не се. Факт е дека верувањето дека не сте креативни претставува една препрека која ве спречува да пробате нешто ново и да го откриете она што се крие во вас.

Креативното размислување е работа

За креативноста е потребна енергија и одлучност за да развиете идеи и дела. На патот кон креативноста секогаш се појавуваат препреки за кои мора да сте упорни и трпеливи. Сите креативни генијалци работат со страст и создаваат неверојатен број на идеи, од кои повеќето се лоши. Моцарт напишал повеќе од 600 музички дела, вклучувајќи 41 симфонија и околу 40 чудни опери за време на својот краток животен период.

Поминете ја пресвртницата

Колку повеќе време се трудите за нови идеи, толку поактивен е вашиот мозок и станувате покреативни. Ако сакате да станете уметници, сè што е потребно е секој ден да цртате слики. Можеби нема да бидете новиот Винсент ван Гог, но ќе станете поголем уметник од оние кои никогаш не пробале да ја развијат својата идеја.



Мозокот не е компјутер

Човечкиот мозок не може да направи разлика меѓу вистинското искуство и детално замисленото искуство. Токму тоа откритие му овозможило на Алберт Ајнштајн да ги направи своите експерименти со замислени сценарија кои доведоа до револуционерни идеи за просторот и времето.

Нема само едно правилно решение

Стварноста не е еднозначно одредена, а единствено што е сигурно во животот е всушност несигурноста. Кога се трудите да развиете идеи немојте да ги цензурирате, туку истакнете ги онака како што ви се појавуваат. Ништо не ја убива креативноста како што прави автоцензурата додека се создава една идеа.

Немојте да застанете на првата добра идеја

Секогаш можете подобро и никогаш немојте да престанете да напредувате што е можно повеќе.

Очекувајте негативно мислење од професионалците

Како што личноста сè повеќе се специјализира, толку повеќе му се затвора начинот на размислување, па повеќе се фокусира на потврдување на она во што верува дека е апсолутно. Како последица на тоа, кога се соочува со нови и различни идеи, фокусот на тие личности ќе биде урамнотежен со правилата и стандардите.



Верувајте им на своите инстинкти

Немојте да му дозволите на светот да ве обесхрабри, туку поминете ги сите препреки за да го постигнете она што го сакате. Родителите на Бетовен изјавиле дека тој е многу глуп за да биде композитор. Колегите го нарекувале Чаркс Дарвин будала, а неговата работа – експеримент на лудиот, додека работел на својата теорија за биолошката еволуција. Волт Дизни од првото работно место бил отпуштен бидејќи не бил доволно креативен. Сигурно сфаќате што сакаме да ви појасниме со овие примери.

Не постои неуспех

Неуспехот не постои, постои само откажување. Постојано стремете се кон она што го сакате. Оние кои тврдат дека не погрешиле сигурно никогаш не пробале нешто ново.

Секогаш пријдете им на проблемите на свој начин

Секогаш гледајте на проблемите од ваш агол, а имајте на ум како секој генијалец наоѓа перспектива од која никој не го гледал проблемот. Кога ќе го промените начинот на кој ги гледате работите, работите ќе почнат да се менуваат.



Научете да размислувате неконвенционално

Креативните генијалци не размислуваат антички и логички. Конвенционалните, логички и аналитички мислители ги исклучуваат сите информации кои не се поврзани со проблемот. Тие бараат начини како да ги елиминираат можностите. Креативните генијалци се вклучувачки мислители, односно наоѓаат начин како да вклучат сè, па дури и оние работи кои се различни и неповрзани со проблемот.

- Фантазијата е поважна од знаењето. Бидејќи знаењето е ограничено на сè што моментално знаеме и разбираме, додека фантазијата го заобиколува целиот свет и сè она што ќе биде достапно на знаењето и разбирањето, изјавил Ајнштајн во една прилика.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби