Сиромаштија и злоупотреби во „трговијата со девици“

Данет има 14 години и живее во куќа изградена од дрвени столбови, без ѕидови, а на покривот има само суви гранки. Во семејниот дом живеат 11-мина, блиску до мочуриште со заразни комарци, во сиромашна рурална населба во Пном Пен, во Камбоџа. Таа обожува да чита бајки, но изгледа многу пропаднато и во очите има отсутен поглед.

На 10-годишна возраст била неколку дена заклучена во соба во гостинска куќа, и во немилост на британски педофил. Мајка и ја продала на една недела за 750 долари.

Нејзината девственост  била дел од договорот, но тоа и не е толку важно. Таа било дете продадено од нејзините родители за да биде силувано од сексуален престапник. Таква и била судбината.

Данет го опишува Мајкл Лич – нејзиниот обвинет силувач кој е поранешен советник во владата – како „голем и со суров изглед“. Таа рече: „Не изгледаше убаво, беше многу чуден“.
Педесет и четири годишникот сега отслужува 12-годишпна затворска казна, па таа е помалку исплашена да зборува за него.„Се надевам дека долго ќе остане подалеку од нас“, вели таа.


Мајкл Лич

Продажбата на нејзината девственост – нејзината невиност – било начин да се прехранат девет деца и да се платат долговите. Татко и на Данет заработува 5 долари на ден како возач на такси мотоцикл, и како продавач на овошје.
На мајка и пришол и и понудил договор „посредник“ – локален возач кој работел за Лич за да ја задоволи неговата потреба сексуално да злоупотребува малолетници.
- Првиот ден мајка ми ме однесе кај него. Следниот ден татко ми ме однесе таму. Не сакав да одам, но морав, заради моето семејство.

Мајка и и татко и ја придружувале ќерката за да биде силувана.

- Не разбирав што сака да ми каже, но од гестовите разбрав дека сака да се соблечам. Не и се лутам на мајка ми. Сиромашни сме и во големи долгови. Затоа ми го направи тоа.

Нејзиниот татко не уверува: „Нема никогаш пак да го сториме ова, без разлика колку сме сиромашни. Дури и да немаме што да јадеме. Дури и ако треба да јадеме земја. Нема никогаш повторно да ги продаваме нашите деца. Многу ми е жал заради ќерката“.

Но тоа е веќе сторено. Нема враќање назад, и неговата ќерка нема никогаш повеќе да биде истата. Данет едноставно вели: „Многу сум тажна“.

„Трговијата со девственоста“ во Камбоџа дивее, посебно во главниот град, и тоа е „голем проблем“, вели Тим Хујон од Акција за сиромашни деца (АПЛЕ), невладина организација која истражува сексуални злоупотреби на деца и нивна експлоатација.

Вообичаеното „купување девственост“ е популарно помеѓу „богати, моќни мажи од Азија кои веруваат дека ако имаат секс со девица, тоа ќе им донесе добро здравје и добра среќа, а некои сметаат дека тоа дури и ќе ги излекува од болести, како што е сидата“, објаснува Хујон.

Овој бизнис често се одвива во градските барови со караоке, каде тинејџерки работат како хостеси, или во бордели. Но оваа трговија се закопува уште подлабоко со такви „посредници“ – и жени – кои сега го контролираат пазарот и целат на сиромашните семејства во државата. Да се соберат докази за осомничените е многу тешко. Во земјата нелегално е полицијата да води тајни операции за да собира докази за трговијата со луѓе.

Ова е само една од многуте страшни приказни кои ги слушнав за само една недела престој во Камбоџа.

Во туристичкиот рај Сием Рип, гледавме како 33-годишниот Лонг Вен – поранешен свештеник во Камбоџа – беше уапсен како резултат на четиримесечна истрага. Тој е обвинет заради водење на лажно училиште за Англиски јазик во селото.
Преку интернет тој барал донации и „доброволци“ и тврдел дека се грижи за деца без родители, но сите ученици кои живееле во неговото опкружување имале семејства и родители. Ова не е живеалиште, иако се грижел за 60 деца, но им дозволувал на западни педофили да ги посетуваат.
Дозволувал мажи да се грижат за деца на еднодневни посети, и им изнајмувал посебни куќи во градот каде им дозволувал да минуваат време со две момчиња. Истрагата исто открила разговор на социјалните мрежи каде разговарал за нелегална трговија со азиски девојчиња под десет години во источна Европа, и дека ќе помогне тоа да се организира.


Лонг Вен – поранешен свештеник во Камбоџа

Во собирањето на информациите се вклучени двајца поранешни австралиски детективи, кои работат за Единицата за заштита на децата (ЦПУ) при Детскиот фонд во Камбоџа. Тие се тука за да ги обучат локалните полицајци како да собираат докази, како да работат на местата на злосторства, како да апсат и како да ги испитуваат осомничените.
Нивната работа значи дека неделава ќе извршат рација во едно училиште, и дека претставници од владата ќе дојдат да ја следат операцијата како децата се интервјуираат од специјален тим на советници. Некои деца се на три годишна возраст. Неодамна владата почна да се појавува онаму каде досега се чувствуваше нејзиното отсуство.
Директорот на Чајлд велфер, Унг Софанара, ми рече: „Реалноста  е дека е многу тешко да се контролираат институциите во Камбоџа. Многумина се во потрага по деца. Некои од тие се регистрирани, некои не се“.
Но, неговата задача е да ги заштитува децата, да овозможи повеќе институции да бидат легални, а да се затвораат нелегалните. Неговиот одговор беше: „Да, ова е нашата задача. Тоа треба да го правиме во иднина. Мораме да го правиме тоа, но во реалноста имаме недостиг на ресурси“.
Тоа е клучно за проблемот, вели Џејмс Мекаби од ЦПУ.

- Полицијата е екстремно малку платена и има ограничувања на буџетите за истраги. Некои од најниските плати изнесуваат 60 долари месечно, па мотивацијата добро да се врши работата исто така недостасува. Она што го откривме е дека ако им дадете поддршка, тие сакаат исправно да си ја вршат работата.

Проблемите се и покомплексни од тоа. Родителите на жртвите одбиваат да пријават сексуално злосторство заради културата на срам во земјата, а сиромаштијата ги спречува да изнајмат адвокати или да добијат медицинска помош за децата на кои им  е потребно, но недостигот од образование значи дека малку деца разбираат дека мораат да кажат не.
Се разбира, искористувањето деца не е само проблем во Камбоџа, туку е тоа глобален проблем. Но земја која е растргната од војни и геноцид, и која сега брзо се развива, треба да се соочи со многу проблеми. Кризата се проширува и навиките се менуваат, но фактите се застрашувачки – невините деца се лесна пара и плен за возрасните, кои без оглед на се сакаат да избегаат од сиромаштијата.

Индепендент - Лондон



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби