Дрво со 40 типови на различни овошја

Професорот по уметност, Сем Ван Акен, успеа да создаде хибрид дрво кое раѓа 40 различни плодови. На секое уникатно „Tree of 40 Fruit“ растат плодови меѓу кои праски, кајсии, сливи, цреши, па дури и бадеми, а самото дрво е добиено по пат на калемење.

Во 2008-ма Акен дознал дека еден познат овоштарник ќе биде затворен поради недостаток на финансии. Пропаѓањето на овоштарникот значело и пропаѓање на повеќе стари сорти на овошја, па сакајќи да ги зачува  го купил местото и започнал да експериментира со дрвата.

На располагање имал повеќе од 250 видови на овошје кои најпрвин ги набљудувал кога цветаат, а потоа започнал да ги калеми на едно дрво кое му служело како основа. Му биле потребни пет години за да го постигне она што го сака.

Денес неговото „Tree of 40 Fruit“ раѓа најразлични типови на сливи, праски, кајсии, цреши, па дури и бадеми. Во текот на целата година изгледа како секое друго дрво, а во пролет цвета во најразлични бои како бела, розова, црвена и виолетова.

За сега се одгледани 16 вакви дрва кои се дел од приватни колекции, музеи и општински заедници низ САД.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби