Научете да ја слушате вашата интуиција

Сигурно сте се нашле во ситуација кога некое внатрешно чувство ви вели да правите едно, а вашето рационално размислување друго, па често кога сте ја донеле одлуката базирана на рационалното размислување сфаќате дека била погрешна. Токму вашата интуиција, она внатрешно чувство е вашиот потсвесен лидер, кој многу луѓе го игнорираат. Но, ако научите да ја слушате сопствената интуиција ќе научите да донесувате и подобри одлуки.



- Ја дефинирам интуицијата како суптилно знаење без ниедна идеа за тоа што вие самите знаете. Различна е од нашето размислување, од нашите логики и анализи, но сепак интуицијата знае без познавање, објаснува Софи Бурнам, авторка на книгата „The Art of Intuition“.

Интуицијата е едно потсвесно расудување кое ви кажува да свртите лево, кога сите знаци ви покажуваат да свртите десно. Тоа е еден внатрешен шепот кој ве води во постигнувањето на најдобрите резултати, само треба да научите да ја слушате музиката и да му дадете шанса на шепотот. Без разлика дали одлучуваме кое работно место треба да го прифатиме, како да го решиме проблемот, интуицијата најдобро знае која одлука да ја направиме. Проблемот лежи во тоа што многу луѓе го закопале длабоко овој внатрешен шепот, па веќе не го ни слушаат. Сепак, шепотот сè уште е присутен во секој од нас.



Ви нудиме неколку начини преку кои ќе научните полесно да ја слушате интуицијата:

Медитирајте. Поминувајте време во тишина и на тој начин ќе се слушате самите себе.

Комуницирајте со природата. Препуштете и се на планината, долината или рамнината исполнета со зеленило.

Бидете креативни. Почнете да цртате, да пишувате или да креирате музика.

Научете да слушате. Најпрво почнете со вашето семејство и со пријателите и за брзо време ќе почнете да се слушате самите себе.

Бидете свесни за вашето тело. Научете да ги ценете малите сигнали кои ви ги испраќа телото, кога ви вели дека е изморено, задоволено, разболено или има потреба за љубов.

Научете да ги оставите работите и немојте да контролирате се. Животот си тече, а проблемите поминуваат. Опуштете се.

Бидете позитивни и насмеани. Со тоа постојано ќе бидете исполнети, а вашата интуиција ќе ви испраќа позитивни вибрации.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби