Го предвидел падот на авионите – но што нè чека во иднина?

Павел Глоба е еден од најпознатите руски астролози, кој ги предвидел авионските несреќи кои се случија последниот период. Прв пат ги изложил своите претскажувања на почетокот на 80-тите години, кога најавил дека СССР ќе се распадне и дека во летото 1991 година, на улиците во Москва ќе се движат тенкови. Судејќи по неговите зборови, околу 85% од предвидувањата се исполниле, па дури и тоа дека Украина ќе се распадне оваа година. Тоа е она што моментално се случува, а проблемите и крвавите немири почнале да се случуваат во Украина за време на Олимпијадата во Сочи.



Павел ги предвидел овие настани уште во 2009 година, а еве што друго предвидел:

- Украина нема да ја преживее кризата, при што ќе се распадне на три дела. Распадот нема да се случи сега, туку во 2014 година. Во Украина постојат две дефакто независни администрации, кои ќе го задржат формалниот интегритет на територијата, речиси во ист формат како денешна Молдавија. Источно-украинската федерација нема да го слуша Киев и дефакто ќе стане дел од Руското царство, додека Крим ќе биде украинска Чеченија, сметал Павел во 2009 година.



Економската криза, која ќе продолжи до 2020 година, на крај од корен ќе ја смени геополитичката распределба. САД ги чека тешки времиња, а Украина и ЕУ ќе престанат да постојат. Во 2009 година, на една прес-конференција во Москва, тој заклучил дека претседателот на САД го очекува незавидна судбина, која ја претскажал и средновековниот руски астролог Василије Немчин.

- Уште во 1999 година зборував дека светот ќе се соочи со невидена криза, која ќе започне по доаѓањето на 44-от претседател на САД, изјавил Василије.

Сегашен претседател на САД е Барак Обама, кој е всушност 44-от претседател. Павел според хороскопот предвидел дека за Обама најтешка ќе биде 2011 година, кога неговиот живот ќе биде изложен на опасност.



- Внимателно го проучив хороскопот на Барак Обама и сфатив дека е неверојатно сличен со хороскопот на Џон Кенеди. Посебна опасност му се заканува во 2011 година, но се надевам дека ќе преживее, изјавил Павел уште кога Обама станал претседател.

И како што знаеме Обама сè уште е жив. Тој смета дека Америка ја чека огромна депресија. Земјата ќе успее да се спаси, но ќе го изгуби лидерскиот статус. Според тоа најтешкото време за САД ќе настапи по заминувањето на Обама, кој сметал Павел дека нема да остане подолго од еден мандат. Но, за ова прашање, тој погрешил, бидејќи Обама моментално го служи својот втор мандат.

На Американците не им пишува убаво, но и Европската Унија ја очекува тажна судбина.

- Наместо една Европска унија, ќе се појават неколку сојузи. Скандинавските и Балтичките земји ќе формираат Северен сојуз, кој ќе стане наследник на записникот на Алијансата. Франција, Италија и Шпанија ќе се соединат со Јужно-европскиот сојуз и така натаму. Европската унија можеби ќе постои како формација, но само на лист хартија. Според неговите прогнози ќе се распадне и НАТО, кој прво малку ќе зајакне, но потоа ќе престане да постои.



По неговите прогнозирања, 2014 година, ќе биде година кога човештвото ќе се приближи до Трета светска војна.

- Поместувањето на Уран во овен ќе доведе воени конфликти во 2014 година. Се плашам од почеток на долготрајна војна на Истокот. Не дај Боже тоа да биде поврзано со Иран, тогаш во секој поглед ќе добиеме вистинска експлозија на апсолутен неконтролиран тероризам. Но, до 2014 година, нема да има никаква војна во Русија. Ќе има експлозии и разбојништва но ништо повеќе од тоа.

Исто така и економската ситуација во светот ќе продолжи да се влошува.

- За доларот наредните две години ќе бидат многу тешки, иако нема да се случи колапс на американската валута. Најтешките денови за доларот ќе бидат во 2017 и 2018 година, кога целосно ќе девалвира, парите ќе се лепат на ѕидовите во тоалетите и нема да се знае што да се прави со нив. Сепак, еврото ќе биде посигурно. Исто така, цената на нафтата ќе почне да опаѓа, но по 2016 година нагло ќе порасне по што Русија ќе излезе од кризата како светски лидер.



Со оглед на природните катаклизми и техногените катастрофи, Павел кажал дека 2014 година ќе има зголемен ризик што се однесува до авионските несреќи.

- За време на помрачувањето ќе се случуваат многу катастрофи. Во јули 2014 година, не очекуваат три помрачувања, па со оглед на тоа дека тоа е година на жетвата, техногената катастрофа ќе биде зголемена. Најверојатно, во јули и август треба да очекуваме бран на авионски несреќи, па ги советувам сите да се воздржат од летање тој период. Во декември и јануари идната година, драматично ќе се зголеми опасноста од земјотреси, особено во водите на Пацификот.



По неговите прогнози, на светот му се закануваат економски и геополитички потреси до крајот на 2020 година: сите држави ќе поминуваат тешки времиња, но кога ќе завршат тие тешки времиња, Русија ќе стане моќна империја и нов светски лидер. Сепак, Русија заедно со целиот свет ќе преживее три огромни глобални кризи, чиј најголем ризик ќе биде во 2014 и 2015 година.

- Првиот бран на кризата продолжува се до 2012 година. Кога сите ќе помислат дека конечно е постигната одредена стабилност, ќе настапат промените. Вториот бран ќе се случи во 2017 година, кој ќе трае три години. Овој нема да биде најтешкиот, но луѓето најмногу ќе патат бидејќи ќе се соочуваат со постојан стрес. Многу се плашам од овој бран. На крајот на 2020 година, целото човештво ќе се збогува со оваа „Втора огромна депресија“. Крајот на кризата се поврзува со близината на Јупитер и Сатурн, што се случува еднаш во 20 години и означува позитивни промени. Со оглед на тоа дека Јупитер ќе му се приближи на Сатурн преку првиот степен на водолија – соѕвездието кое се поврзува со Русија, укажува дека токму Русија ќе ги врати империјалните моќи, смета Павел.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби