Никој не смеел да му писне на Тито за три работи

Музејот на историјата на Југославија секојдневно се полни со туристи, кои доаѓаат да ја посетат институцијата во која се чуваат спомени од доживотниот претседател на Југославија, Јосип Броз Тито. Момо Цвијовиќ и Веселинка Кастратовиќ Ристиќ едни од вработените во музејот, дошле до идеја да ги изложат предметите кои Тито најмногу ги користел. При одбирањето на предметите, тие сакале луѓето да навлезат во приватниот живот на Маршалот и да дознаат каква личност бил тој за време на неговото претседателство.



Изложбата била тематски поделена на пет целини: Човек со стил, Средби, Патувања, Хедонизам и Друже Тито ние ти се колнеме. Изложени се 61 предмет, како и 128 штафети, кои ги добивал за 25 мај, Денот на младоста.



Меѓу експонатите се нашле и цилиндарите кои ги носел Броз, костумите, чевлите, но и деталите по кои бил специфичен, како што се очилата за вид, запалките и украсните игли за вратоврски. Цвијовиќ го истакнал и упатството за начинот на работата на претседателот и за тоа како изгледал еден негов работен ден.



- Интересно е тоа дека се спомнати само три ситуации во кои претседателот воопшто не сакал да го вознемируваат, а тоа се додека гледал филм, кога бил во фото лабораторијата и додека бил на плажа, изјавил Цвијовиќ.

Токму ова укажува на фактот колку Тито знаел да ужива во својот живот, а познато е дека сакал да гледа филмови. Дневно гледал по два, три филмови. Најголем дел од денот Тито ги извршувал своите државни обврски, како што е примање пошта, одговарање на писма и држење состаноци, а кога одмарал знаел и да заигра некој спорт.



Тито најмногу сакал игри каде што има само еден противник, па затоа често играл шах и тенис. Во архивата на музејот се наоѓаат многу фотографии на кои е прикажан Тито во своите слободни активности.



- За животот на Тито е сочувана фантастична документација и архива на фотографии, а не знам дали е тоа случај и со денешните претседатели. Проблемот е во начинот на живот. На изложените фотографии пред сè се гледа дека Тито имал време, бидејќи по протоколот постоеше слободно време, а меѓу останатото имал време и за средби со фоторепортерите – време кое денес воопшто го нема, изјавил Цвијовиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби