Што е исполнет живот?

Една луксузна јахта се закотвила на брегот на едно мало мексиканско рибарско село. Сопственикот на јахтата бил воодушевен од квалитетот на рибата и ги прашал рибарите колку време им е потребно за да уловат толку добра риба.



- Не ни треба многу време, одговориле рибарите едногласно.

- Па зошто не останете покрај брегот подолго за да уловите повеќе?

Тие му одговориле дека она што го ловат е сосема доволно за нив и за нивното семејство.

- Па што правите со толку слободно време, се заинтересирал богаташот.

- Спиеме, ќе поминеме малку време ловејќи риба и си играме со нашите деца, а попладневниот одмор го поминуваме со нашите сопруги. Навечер излегуваме од селото, се сретнуваме со пријателите, пиеме по неколку пива и пееме по некоја песна. Нашиот живот е сосема исполнет, задоволно одговориле селаните.

Господинот турист им предложил:

- Дипломирав економија на Харвард и можам да ви помогнам! Ловете риба подолго време секој ден, продавајте ја и со парите кои ќе ги заработите купете поголем брод.

- И што потоа? – зачудено прашале рибарите.

- Со поголем брод ќе можете да ловите уште повеќе риби, а со парите ќе можете да купите уште еден брод, па уште еден и така ќе стекнете цела флота. Наместо да ја продавате рибата на посредник, ќе можете да преговарате со големите произведувачи, а можете и вие самите да станете едни од нив. Потоа ќе можете од ова село да се преселите во Мексико Сити, Лос Анџелес, па дури и во Њујорк! – им објаснил господинот полн со ентузијазам.

- Колку време ќе ни треба за тоа?

- 20 до 25 години.

- И потоа?

- Потоа? Е па пријатели, сега станува интересно. Кога бизнисот ќе ви биде добро разработен, ќе можете да заработувате милиони.

- Милиони? Навистина? И што потоа?

- Потоа ќе можете да отидете во пензија, да живеете во мало село на обалата, да спиете долго, да одите на риболов за рекреација, да си играте со внуците, да поминувате повеќе време со сопругите, а вечерите да ги резервирате за пиење и музика, задоволно одговорил богаташот.

- Секоја чест господине, но ние токму тоа го правиме и сега. Зошто залудно да си потрошиме 25 години од нашиот живот? – прашале скромните рибари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби