Животот е долг пат исполнет со многу препреки и жртвувања

Животот е долг пат исполнет со многу препреки и жртвувања. Некогаш треба да жртвуваме многу само за да го задржиме. Следните 15 приказни ќе ве трогнат за храброста на преживеани личности кои се соочиле со страшни ситуации, но на крај се избориле за да го сочуваат животот. Откако ќе ги прочитате, повеќе ќе си го почитувате животот и веруваме дека нема толку многу да се жалите за условите во кои се наоѓате.

Крис Стјуарт на 12 години се тркал со својот болид од 1.000 кубика. При брзина од 65км/час удрил во банкина. Од ударот неговиот череп се одвоил од ’рбетот, по што докторите му дале само 10% шанси за да преживее. По неколку години со помош на железни плочки и завртки успеале да му го спојат черепот со ’рбетот.


Стивен Калахан во 1982 година едрилел од Канарските острови, но го зафатила бура и по недела дена, неговиот брод потонал, а тој останал да плови на гумен сплав. Преживеал цели 76 дена, а со себе имал само една кошула, околу 1.3кг храна, нешто од опрема и малку вода. Се спасил така што допливал до Бахамите. Подоцна помогнал  при режирање на филм за луѓе кои преживеале бродолом.


Бетани Хамилтон била сурферка на Хаваите, па при едно сурфање ја нападнала ајкула со должина од четири метра и и' ја одгризла цела рака до рамото. Храбрата 14-годипна девојка отпливала до крајбрежјето со едната рака, а при тоа  ги предупредувала другите луѓе да излезат од морето. Според нејзината приказна е снимен филмот „Soul Surfer“.


Џои Симпсон ја скршил ногата откако пропаднал во пукнатина од карпа и го снемало од видикот, па неговиот пријател бил принуден да го пресече јажето бидејќи сите мислеле дека е мртов. Сепак, тој три дена лазел по замрзнатата тундра, со скршена нога и полузамрзнат. Неговата приказна е опишана во документарецот „Touching the Void“.


Пријателите Марк Инглис и Филип Дол во 1982 година се искачувале на планина во Нов Зеланд. Ги зафатило голема бура, па за да се спасат изградиле колиба од мраз и на неа поминале 13 дена без греење. Преживеале, но ампутирани им биле нозете, а денес повторно планинарат со протези и се првите луѓе кои успеале да се искачат на Монт Еверест со протези.


Џулијан Коепцке во 1971 година преживеала пад на авион над перуанските прашуми по удар од гром. Паднала околу 3км оддалеченост од авионот, а откако барала останати преживеани патници пронашла поток и го следела неговото течение низ прашумата. Така низ џунглата дошла до една колиба, па на крај 17-годишната девојка се извлекла со лесни повреди и ослепен вид на едното око.


Рускиот научник Анатоли Буигорски поради дефект на морал да ѕирне во гигантскиот акцелератор на честички. Бидејќи безбедносниот механизам откажал, неговата глава се заглавила и засекла, а кожата почнала да се одвојува од ткивото. Со неверојатна среќа преживеал без оштетување на мозокот, но не слуша на левото уво и има повремени напади.


Чистачот на прозорци, Алсидес Морено паднал од 47 кат со својот брат откако пукнал кабелот, кој го придржувал скелето. Брат му починал на лице место, додека Алсидес останал во кома со тешко оштетување на мозокот, но успеал  да преживее и  по некое време потполно заздравел.


Рики Меги случајно се појавил слаб како костур на една сточна фарма во Австралиска пустина. Тврдел дека последно на што се сеќава е како му го украле автомобилот, по што стопирал и на крај бил издрогиран. Се разбудил во една пустина, на која не знае како се нашол, додека еден динго се чешал од него. Преживеал 71 ден јадејќи инсекти, жаби и гуштери.


Приказната за Арон Раистон прераскажана е во филмот „127 Hours“. Откако камен му ја заглавила раката, Арон поминал 5 дена заробен помеѓу карпи со многу малку храна и вода. За да преживее морал да ја отсече сопствена рака со џебно ноже.


Пилотот Венсеслао Могуел бил заробен за време на мексиканската револуција и осуден на смрт со стрелање. Неговото тело било стрелано со осум куршуми, од кои еден во глава, но преживеал глумејќи дека е мртов се додека стрелците не си заминале.


Труман Данкан бил работник на железничка пруга, при што брз воз му го преполовил речиси целото тело. Успеал да остане свесен и повикал помош преку мобилен телефон. Бил три недели во кома, а лекарите сè уште се чудат како преживеал.


Тами Олдхам Ачкрафт едрилела со нејзиното момче на Тихиот океан, но наишле на ураган. Бродот се превртел, а Тами која се наоѓала на долниот дел на бродот се онесвестила. Се разбудила 27 часа подоцна, а нејзиното момче исчезнало. Без никакови иструменти за ориентација и надеж за живот, пловела 40 дена и дошла до Хаваите.


Пол Темплер работел како речен водич, но еден ден се сретнал со исклучително агресивен нилски коњ. Коњот го нападнал неговиот колега, па тој пробал да го одбрани, при што нилскиот коњ му ги изгризал екстремитетите и му направил отворена рана на градите. Преживеал целодневна операција и по некое време се вратил на работата.


Мауро Проспери во 1994 година, учествувал на маратон во Мароко, но го затекнала песочна бура. Бидејќи не гледал ништо, се изгубил од останатите натпреварувачи и целосно се дезориентирал. Во наредните 36 часа останал без вода и храна, па преживеал пиејќи ја сопствената урина и јадел кртови и змии. Пробал да се самоубие со нож сечејќи си ги вените, но не успеал поради дехидратацијата, која предизвикувала згрутчување на крвта. По 9 дена го пронашле номади, кои го однеле во алжирска болница.

Откако ги прочитавте овие приказни сигурно гледате на вашиот живот на поразличен начин. Веќе сте задоволни со ситуацијата во која се наоѓате, со работните услови, со времето, а најмногу со вашето здравје!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби