Цеца е крива за лошата сезона во Охрид?!

„Холанѓани, Кинези, Јапонци, Грци, Бугари... Оваа година Охрид ќе врие од странци, хотелските капацитети ќе бидат исполнети, плажите се дадени под концесија и се подготвени за туристичката сезона, келнерите цела зима посетуваа курсеви по љубезност, а Охриѓаните кои изнајмуваат соби ги реновираа своите куќи и ставија соларни болјери...“

Ова се муабетите кои ги слушаме во март, април и во мај секоја година. Но, откако ќе дојде јуни и ќе се разбудиме од сонот, веднаш започнува да се врти веќе добропознатата приказна.

Охрид е полу-празен, чат-пат дошол некој авион од Холандија и автобус со Кинези и Јапонци кои своите пензионерски денови ги користат за да прошетаат по Балканот и да ги видат убавините на поранешна Југославија.

Оваа година нашиот најубав бисер како и секоја година беше поднаполнет од средношколците, кои парите за одмор кои ги добиле од своите родители ги трошат во Охрид сместувајќи се во „реновираните апартмани“ (читај соби со стара покуќнина) и денот го поминуваат лежејќи во Градиште, мислејќи од каде после да се купи поевтина вотка за да се измеша со неколкуте литра сок од боровница. Во Охрид исто така можеа да се сретнат и Скопјаните, но и останатите граѓани од нашата држава кои имаат купено куќа или стан на Охридското крајбрежје, па сосема нормално секој викенд го користат да избегаат од секојдневието и да уживаат покрај езеро со семејството или пријателите.

Оваа година, како и секоја, во Охрид можеа да се забележат и патриотите, кои наместо да ги трошат парите во странство (читај Грција, Црна Гора, Турција или Хрватска), сакаат својот спечален леб да го потрошат домаќински во својата држава. Но и таквите, после кога ќе дојдат дома одејќи по гости кај своите пријатели го вртат истиот филм: „Ќути се сместивме со децата, собата тесна, креветите крцкаа, а за да зготвиш нешто требаше да чекаш домаќините да завршат со подготовката на својот ручек. Остај, да не ти зборам и за туширање, ние 4-ца се туширавме 3 саати еден по еден, измрзнавме. Ама битно убаво поминавме, парите не им ги дадовме на оние „грчиштана“, зошто па ние да ги вадиме од рецесија мами*** нивна што не нè признаваат!

Четвртиот вид на туристи се викендашите, кои вртат шема во Охрид, пијат кафе на средените плажи покрај Охридското езеро, вечерта трошат добар ќеш по дискотеките. Петтиот вид се илинденците, т.е. оние кои доаѓаат само за 2-ри август и викендот пред, т.е. турбофолкерите и обожавателите на Цеца, меца, Лукас и останатите српски „ѕвезди“.

Е мој Охриде, далечно е веќе времето кога за 2-ри август можеше да се посети концерт на светски ѕвезди од типот на Лени Кравиц, Тиесто, Пол Ван Дајк... Иако секоја година имаме надежи дека токму таа ќе биде подобра од минатата, повторно се случува истото па уште повеќе загазуваме во калта на кичот и шундот.

Прашањето е дали само тука треба да се бара вината за пропаднатите туристички сезони во градот кој има најголем потенцијал во нашата држава. Град со огромна историја, 365 цркви, едно од најубавите езера во светот и фантастична местоположба. Секако дека не! Сезоната во Охрид не смее да биде само од 1-ви до 3-ти август, па било и пола лето да сме немале вистинско лето поради дожд. Факт е дека Охрид со сегашната понуда не може да се носи со останатите опции за летен одмор кои се нудат насекаде околу нас. Тука се туристичките агенции и нивните багателни цени со „last minute“ понудите за Грција, каде за 50-на до 100 евра добивате 7 или 9 ноќи на море. Исто така самото море и потоплото време сами со себе се многу попривлечни од Охрид и неговите домаќини кои гледаат во секој момент да ќарат на вас, било тоа да е со сместувањето или пак во рестораните, кафулињата и баровите на плажа. Едноставно она што се нуди во Грција, па било тоа и да е преку наша агенција, а да не збориме доколку самите си најдете сместување е за неколку класи подобро од она дома. Сигурно ќе дојдеме тука до муабетот дека туѓото секогаш ни е е послатко од домашното, но пред фактите и боговите молчат. Апартманите или собите кои се нудат во Хрватска или Грција се опремени со кујна, тераса со поглед на море, тоалет со топла вода 24 часа. Било да сте на копно или пак на некој остров во Грција, лежалката ја добивате бесплатно со пијачка, за разлика од Охрид каде освен што ќе треба лежалката да си ја платите, туку дури можете да добиете одговор дека лежалките се само за Холанѓани и странски туристи и дека доколку сакате да ја користите таа ќе ве чини 5 евра, без вклучено кафе, пиво или сок?!

Тука доаѓаме до одговорот на најбитното прашање: Кој е виновен за слабите туристички сезони во последните кој знае колку години во Охрид. Негрижата за туристите кои веќе се таму, неорганизираноста на луѓето одговорни за градот и неговата афирмација, домаќините и желбата од Охрид да се направи брзо и многу кеш, па се организираат концерти на Цеца и Аца Лукас? Немањето стратегија и префрлувањето на топката постојано на туристите и медиумите, демек тие се виновни за лошата туристичка сезона и во следните години ќе не вовлечат во поголем кал.

Сепак, како и да, ова е моето видување, кое секако нема да се совпадне со вашето. Поради тоа имате отворено поле за коментари, па можете слободно да ги напишете вашите искуства со нашиот прекрасен Охрид и неговите домаќини. Охрид има огромен потенцијал, да се надеваме дека во иднина тој ќе биде добро искористен.

Б.Б



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби