„Луд“ милионер: Премногу луѓе имаат пари - мене не ми требаат

Германецот Клаус Запф, познат како „лудиот милионер“, и покрај големото богатство кое го заработил со неговата компанија за преселување, живеел како потстанар и трошел помалку од 250 евра месечно.



Иако компанијата работела многу успешно и му носела милиони, Запф собирал пластични шишиња, парите непрестано ги делел со другите и пазарел во супермаркетите како и секој просечен граѓанин.

Работата со преселувањето ја започнал во 1975-та година, купувајќи едно старо комбе кое не ни знаел да го вози, па вработил возач, а самиот тој на почетокот го товарел и истоварал мебелот. Но, заради неговиот социјалистички пристап во кој е истакната важноста на колективата и грижата за работниците, набрзо тој станал популарен и омилен. Неговото мото гласело: „Компанијата Запф е во сопственост на нејзините вработени“.

И покрај огромното богатство кое го стекнал благодарение на капиталистичкиот систем, тој им останал верен на своите социјалистички вредности и верувања.

Така, на влезот на неговата компанија Запф поставил огромна скулптура на Ленин во знак на почит на својот херој и на неговата филозофија. Како што пренесува Daily Mail, неговите социјалистички уверувања постојано ги истакнувал при водење на компанијата, која ја опишувал како „место на кое секојдневно се лечат заблудите околу големината“, а ја нарекувал „западно-берлински колектив за преселби“.

Тој починал минатата седмица од срцев удар, на 62-годишна возраст, и тоа на неговиот трет меден месец, оставајќи големо богатство кое најверојатно ќе го наследат неговата сопруга и ќерка. Во моментот кога починал, неговото богатство било проценето на 10 милиони долари, а неговата компанија во овој момент брои 600 вработени.

Тешко е овие бројки да се поврзат со фактот што овој милионер трошел помалку од 250 евра месечно и се облекувал како човек кој нема многу пари на својата сметка.



- Не ми требаат пари, тие ги прават луѓето нееднакви. Премногу идиоти поседуваат пари. На светов не му треба уште еден од нив, изјавил Клаус Запф во едно интервју минатата година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби