Измама на векот: Титаник е потонат за банкарите да го освојат светот?!

Најпознатиот патнички брод на сите времиња, кој трагично потона на 15 април 1912 година, дури и по еден век ги интригира луѓето. Во последните 400 години забележани се околу 65.000 поморски катастрофи. За бродот Титаник се снимени повеќе од 500 документарни емисии и играни филмови, а напишани се и илјадници книги.



А зошто е тоа така? Затоа што ова е една од најголемите теории на заговор! Набрзо по несреќата се појавија разни теории на заговор дека бродот намерно е потонат.

Долго време се веруваше дека причината за потонувањето на бродот била измама со осигурувањето, што на крајот го зема фабриката „White Star Line“, во чија сопственост бил Титаник. Многу се зборуваше за замена на бродовите, за Брус Исмај, за капетанот Едвард Смит, па дури и проклетите мумии и лошата карма. Но, оваа година се повеќе се спомнува една теорија која оди рамо до рамо со онаа на Новиот светски поредок. Сржта на оваа теорија е основањето на Федерална резерва, односно американска централна банка, за која сметаат теоретичарите дека е поврзана со најпознатите поморски катастрофи.

Всушност, на бродот патувале тројцата најмоќни луѓе во Америка во тој период, од кој еден бил Џон Џејкоб Астор IV, најбогатиот човек и првиот сопственик на Empire State Building, односно земјиште за градење на облакодер. Другите двајца биле Исидор Штраус, сопственик на синџир на продавници „Macy’s“ и Бенџамин Гугенхајм, наследник на рудник со злато, сребро и бакар. Овие тројца моќни мажи биле трн во око на банкарскиот картел, бидејќи се противеле на основањето на Федералната резерва.

Банкарски картел и основање на Федералната резерва

Водечките банкари од тоа време – Ротшилд, Рокфелер и Морган сакале да основаат централна американска банка која би била во нивна сопственост со овластување на сојузната влада. На тој начин би можеле да го контролираат издавањето пари без покритие со злато. Еустас Малинс во својата книга „Тајните на Федералната резерва (Secrets of the Federal Reserve)“, пишува како седум значајни светски банкари во 1910 година се состанале на островот Џекил, покрај крајбрежјето во Џорџија, за да разработат план за основање на централна банка, наречена Банка за федерални резерви.

На состанокот биле присутни Нелдон Алдрих и Франк Вандерлип, како претставници од финансиското царство на Рокфелер, потоа Хенри Дејвидсон, Чарлс Нортон и Бенџамин Стронг, кои го претставувале Морган и претставникот на Ротшилд, Пол Варбург. Во книгата „Чудовиштето од островот Џекил (The Creature from the Jekyll Island)“ е опишан приватниот и работниот однос меѓу овие три фамилии.



Фамилијата Морган била блиска со Ротшилд, откако нивната лондонска компанија ја спасила „Bank of England“ од финансиска пропаст, која во тоа време била под влијание на Ротшилд. Потоа Морган му служел на Ротшилд како финансиски агент. Влегувањето на Рокфелер во банкарскиот сектор, Морган не го поднел добро, па станале жестоки соперници. На крај одлучиле да ја намалат меѓусебната конкуренција во заедничко вложување. Работеле на тоа да основаат национален банкарски картел.

И навистина, на осторовот Џекил е основан банкарски картел, кој имал за цел да оствари монопол за издавање потврди за депонирано злато или сребро во САД. Таа потврда вредела како пари и со неа можело да се врши замена на роба. Со издавање на оваа потврда се занимавале многу приватни банки во Америка, а „хартиените долари“ се нарекувале златни и сребрени долари. Законот за златниот стандард од 1900 година, ги обврзувал банките за секоја издадена потврда да ја имаат покриено со злато или србро. Многу такви обврзници потонале со Титаник па за нив никогаш не е исплатено депонирано злато, туку тоа останало во државниот трезор или во приватните банки. Тоа бил одличен аргумент за „Дружината од островот Џекил“ во 1913 година, однсоно година дена по поморската трагедија, да им укаже на американските конгресмени да почнат со издавање на сертификати од едно место – во Системот за федерални резерви, кој би бил службена американска банка на федерални резерви.

Главната цел на банкарскиот картел била – еластична монетарна политика, односно издавање долари без покритие од злато. Тоа би значело дека банкарите можат да кредитираат шпекулативни пари кои немаат реална вредност! Таков систем веќе бил спроведен во Англија во 1694 година,  во „Bank of England“ (основана од Скот Вилијам Патерсон, но подоцна паднала во рацете на Натан Ротшилд). Во основачката повелва стои: Банката има бенефиции од сите камати на парите кои ги создава од ништо. Па така Англија како држава почнала да зема кредити и да се задолжува со огромни камати. Тој долг всушност го отплатувале граѓаните преку даноци, а кога отплатата на државниот кредит доцнела, државата го зголемувала данокот.



Истиот систем пробал да заживее и во Америка и тоа два пати. Првиот пат преку приватната централна банка основана од Александер Хамилтон во 1789 година, но укината е во 1811 година, кога Конгресот одбил да го обнови Законот за банките. Престседателот Џејмс Медисон предложил втора по ред приватна централна банка на САД и успеал да ја основа во 1816 година. Но, претседателот Ендрју Џексон ја затворил во 1836 година, кој жестоко се противел на банкарскиот картел. Една од неговите најпознати пораки упатени кон банкарите е „Вашето легло е дувло на отрови и крадци. Намера ми е да ве искоренам и Бог ќе ми помогне во тоа“. Џексон наеднаш починал од непознати причини.

Три главни жртви

Многу бизнисмени кои стекнале огромно богатство и влијание во САД не сакале државата да биде крадена на тој начин. Биле против основањето на ФЕД, а во тоа противење најгласни биле Астор, Штраус и Гугенхајм. Освен тоа, се верува дека оваа тројка со своето влијание би го спречила учеството на Америка во Првата светска војна. Астор жестоко се залагал за изолационистичка политика по начело на „America first“ без мешања на туѓи работи, особено европски.

Злосторство опишан 14 години пред да се случи

Многу пред да се појави идејата за градење на Титаник, американскиот писател и официр на трговската морнарицаа, Морган Робертсон, го напишал романот „Залудност (Futility)“, познат и под наслов „Тhe Wreck of the Titan“. Во својата книга, напишана 14 години пред да се случи трагедијата, Робертсон го опишува најголемиот и најмодерниот брод што не потонува, кој во средина на април тргнува на својата прва пловидба преку Атлантикот, сакајќи да сруши рекорд со брзината. Бродот удира во санта мраз и тоне. Начинот и местото на удар, капацитетот, бројот на патници, димензиите на бродот, максималната брзина, тежината, бројот на чамци за спасување – се тоа се совпаѓа со тогашниот неизграден Титаник!



За случајноста да биде уште поголема, бродот во книгата се викал – Титан! Иако живеел во време на катастрофи, никогаш не ја објаснил неверојатната сличност на вистинските случувања со својата новела. Ова сценарио совршено одговарало на банкарскиот картел бидејќи било лесно изводливо. Било потребно само да се изгради брод, да се намамат жртвите на прво патување и да се изрежира несреќата. Ништо од тоа не било проблем, бидејќи Морган бил сопственик на компанијата „White Star Line“, која во 1909 година во Белфаст почнала да го гради најголемиот и најмодерниот брод на ова време – Титаник.

Врската со Језуитите

Друштвото на Исус или Језуитите, основано е во 1540 година во Римокатоличката црква. Според некои теории, Ротшилд со векови бил најзаслужен за огромното богатство кое Црквата го стекнала. Нивните врски биле толку цврсти, што преку тие врски е одбран капетанот кој го водел Титаник до смртта. Го одбрале Едвард Џон Смит, најискусниот и најплатениот капетан во „White Star Line“, кој воедно бил и Језуит. Патувањето со Титаник на Едвард му било последно пред пензија, по 46 години служба. Во службената верзија за трагедијата се наведува како тој добил дури осум предупредувања да ја намали брзината и да биде внимателен поради сантата мраз. До денес останува неодговорено прашањето како човек со 46 години искуство, кој толку пати поминал по истата рута, ги игнорирал сите предупредувања!

Освен Смит, на бродот бил присутен уште еден Језуит – ирски свештеник Францис Браун. Во документарниот филм на National Geographic, се наведува како Браун бил највлијателен Језуит во цела Ирска, па се качил на бродот за да му ги дава последните упатства на капетан Смит. Според службената верзија, Браун патувал од Саутемптон до Квинстаун, кај својот вујко - бискуп во Ирска. На патувањето запознал богат брачен пат, кој го замолил да им се придружи во патувањето до Њујорк на нивен торшок. Наводно, Браун од Титаник пратил телеграма во Даблин преку која барал дозвола да го продолжи патот. Одговорот стигнал во Квинстаум и гласел: Симни се од тој брод.

Жртвите биле намамени преку медиумите



На овој начин измамниците имале брод и капетан, требало само уште да намамат жртви што било најлесно. Поради големото медиумско влијание, сите кои мислеле дека нешто значат во општеството морале да се качат на бродот. И самиот Морган најавувал дека ќе патува со Титаник до Њујорк. Астор се враќал со младата сопруга од патување во Египет, Гугенхајм бил во Париз, а Страус бил со сопругата во Европа. Сите требало да стигнат во Америка, а првото патување со Титаник не смеело да се пропушти. Интересно е како Морган го откажал патувањето последниот ден и тоа поради болест. Потоа пронајден е во добро здравствена состојба со љубовницата.

Почеток на новиот светски поредок

По потонувањето на Титаник, на компанијата „White Star Line“ и пропаднале милион фунти (денес околу 100 милиони евра), кои по година дена и биле исплатени, а поголемиот дел ги земал Морган. Тоа била најуспешната работна година во историјата на оваа компанија, . Во декември 1913 година, американскиот Конгрес го прогласил Законот за формирање на ФЕД. Законот поминал благодарение на Вилсон кој го протуркал, наводно поради тоа што бил уценет за прељуба. Америка во 1917 година влегла во Првата светска војна, која е финансирана преку ФЕД, што значело огромно задолжување. Од тогаш до 2000 година, американскиот долар и британската фунта изгубиле околу 98% од својата вредност поради инфлација. Денес повеќе од 95% од доларите се шпекулативни, а вредноста се пресметува според побарувачката на нафта на пазарот. ФЕД е една од најмноќните институции во светот, а датумот на основање се смета за почеток на Новиот светски поредок.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби