Делата на овој уметник дефинитивно ќе ве натераат да се посомневате во вашите очи и во тоа дали е реалност она што го гледате. Погледнете ја внимателно девојката која излегува од вода!
Густаво Силва Нуњез создава речиси хипер-реалистични слики, креирајќи сцени на луѓе како пловат, пливаат или само мируваат во вода. Талентот кој го има овој уметник е очигледен и воодушевувачки.
Но, тој не престанува тука и со неговата креативност оди чекор понатаму. Откако ќе заврши со сликање, тој позира до неговите дела со цел да изгледа како да е во интеракција со ликовите, така што на маестрален начин создава оптички илузии.
Благодарение на фасцинантната реалистичност на неговите дела, овој автор деновиве стана вистински хит на интернет и ја воодушеви публиката ширум целиот свет.