Кој е за лесковачка плескавица од 56кг?

Деновиве се одржува познатата „Roštilijada“ во Лесковац, каде што се подготвуваат разни специјалитети. Сепак, на Иван Ѓоргевиќ и Никола Петковиќ, главен предизвик им е секоја година да си го срушат сопствениот рекорд на лесковачка плескавица.

И како и секоја година, така и оваа тие беа главна атракција со нивната огромна плескавица. За разлика од минатата година, кога успеаја да направат плескавица тешка 55кг, оваа година направија плескавица од 56кг! Пред печењето плескавицата имала дијаметар од 163см и дебелина од 3 см, а по печењето се намалила на дијаметар од 146см и дебелина од 2,5см.



- Ова е седма година како го рушам сопствениот рекорд. За голема плескавица најважно е квалитетно лесковачко месо за скара и постојано вежбање. Секако дека мора да бидете и јаки за да ја свртите, а да не се подели. Следната година планираме да направиме плескавица од 60кг, изјави Иван, главниот мајстор за скара во месарите „MK“.



Местото се подготвувало ден порано и одлежало во специјални комори. Подготовките пред многубројната публика траеле околу 20 минути, а потоа плескавицата се печела на скара еден час и десет минути.

- Возбудливо е како и секоја година, иако сега беше потешко бидејќи до себе имав помлад и неискусен колега. Но, одлично се вклопи.



Возбудата расте при првото извлекување на плехот. Кората на плескавицата мора да се запече директно на решетките на скарата, за да биде повкусна. Пет минути подоцна повторно се навлекува на плех. Вртењето на полупечениот специјалитет бил еден од највозбудливите моменти.

Откако конечно успеале во печењето на плескавицата, жирито проценило дека најголемата плескавица на светот е испечена. Сепак, ова задоволство е од личен интерес. За жал, претставниците од Гинис се уште ги нема за да ја внесат оваа плескавица во Гинисовата книга на рекорди.





Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби