Киндер јајцето забрането во САД?!

САД – земјата во која без проблем може да се купи полу-автоматска пушка и каде што децата може да одат на часови за пукање има забрана за мошне интересни работи. Но, додека оружјето не е забрането, постојат други работи, кои не би ни паднале на памет дека можеби се забранети во овие држави.

Киндер јајце



И додека остатокот од светот може да ужива во слаткото чоколадо и уште послатките изненадувања кои се сокриени во киндер јајцето, администрацијата за храна и лекови во САД ја забрани консумацијата на киндер јајцата бидејќи децата може да се задават со играчката која е во нив.

Хагис

Администрацијата за храна и лекови во САД исто така ја забрани консумацијата на прочуеното шкотско јадење Хагис. Американците можат да го подготвуваат во домашни кујни, но не сакаат во земјата да пуштат храна која содржи бели дробови на овца.

Перки од ајкула

Традиционалниот кинески деликатес, перки од ајкула, забранет е во Калифорнија од 2011 година поради бруталните односи кон овие животни. Кога им ги отстрануваат перките, ајкулите се враќаат во длабочините, каде што набрзо умираат поради намалените можности за движење.

Најџела Лосон

На познатата готвачка Најџела Лосон и е забрането да ги пречекори границите на САД од април оваа година бидејќи јавно признала дека користи дроги.

Брадавици



Постерот за најновиот „Sin City“ филм, кој ја прикажува актерката Ева Грин во проѕирна кошула, забранет е во САД поради тоа што е премногу провокативен.

Речници

Десеттото издание на речникот од „Merriam-Webster“ е повлечено од продажба во Јужна Калифорнија во 2010 година, по жалбите на родителите дека децата во него ја прочитале дефиницијата за орален секс.

Долги партии бинго



Во Северна Каролина, бингото не смее да трае подолго од 5 часа, освен ако не се одржува во склоп со некој саем.

Предизвикот со полевање со вода со мраз

Стејт депaртментот им забрани на дипломатите да се полеваат со ладна вода. Портпаролот  изјавил дека личностите кои што се на јавни функции, како што се амбасадорите не треба да ја користат својата позиција за приватни цели, без разлика на тоа која е причината.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби