Приказни од претходниот живот

Препознавањето на претходниот живот кај децата е проучувано од многумина психијатри и научници ширум светот, кои се обидуваат да докажат дека се уште се присутни некои знаци кои укажуваат на нивниот претходен живот.



Истражувањето за реинкарнацијата го започна д-р Јан Стевенсон во 1960-тите, кој интервјуирал стотици луѓе кои имале сеќавања од претходните животи. Тој открил дека децата многу повеќе се сеќаваат на некои настани. Неговиот колега, д-р Џим Такер, го наследил ова истражување и продолжил со истражување на вкупно 2.500 случаи на реинкарнација, каде што најголем број биле деца.
Ова се три вистински приказни за деца, дел од неговите случаи, кои се сеќаваат на нивните претходни животи.

Џејмс Лејнингер

Приказната за Џејмс Лејнингер е навистина неверојатна. Уште од раѓање, Џејмс бил опседнат со авиони и како дете веќе почнал да има кошмари за летање, оружја и авионска несреќа. Откако почнале кошмарите, Џејмс почнал да се присетува на претходниот живот и сфатил дека бил борбен пилот. Тој се сетил на многу повеќе детали, кои решил да ги сподели со неговите родители. Се сетил на името на пилотот – Џејмс Хјусто Џуниор, воениот брод на кој служел, името на ко-пилотот и фактот дека умрел во несреќа. Со мал напор, таткото на Џејмс го пронашол ко-пилотот и сестрата на претходниот Џејмс. Оттогаш, Џејмс постојано се сеќавал на одредени настани од животот на пилотот, па и сестрата на пилотот веќе започнала да верува.



Едвард Остин

Едвард уште од мал се плашел од темнина, тмурно време и често имал проблеми со грлото. Но, она што било мошне интересно е тоа што тој и дал име на неговата болка во грлото – рана. На 4 годишна возраст развил циста во грлото и морало да го оперираат. По операцијата, тој споделил со мајка му дека во претходниот живот се викал Џејмс и бил 18 годишен војник кога го изгубил животот во војна и тоа –поради ранување во грлото. Откако признал за сеќавањата од претходниот живот, цистата исчезнала.



Гас Тејлор

На 18 месеци, Гас сметал дека тој е неговиот дедо, Оги. Додека татко му му ги менувал пелените, Гас кажал дека ги менува пелените на сопствениот татко. Но, татко му тоа не го размислил се додека не гледале стари слики од неговите родители. На сликите бил дедо му на Гас, кој тој веднаш го препознал, како и неговиот поранешен автомобил за кој го нарекол „мој“! Исто така, она што најмногу ги изненадило родителите е тоа што Гас знаел дека неговата сестра била убиена. Со оглед на тоа дека тој имал само 4 години, родителите сметале дека е прерано да му кажат за тоа. Но, тој веќе го знаел тоа и знаел на кој начин е убиена!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби