Запознајте го шкотскиот мачор Шремптон, кој живее во Лос Анџелес и е препознатлив по споените уши, карактеристични за неговата раса.
- Шремптон е нашиот миленик и секогаш не изненадува со своето однесување. Пред некое време влеговме во дневната соба, а тој мирно седеше на стол, како некој човек кој го чека својот оброк, изјавила сопственичката Лејлани Шимода.
Шремптон е многу брз, па постојано трча низ куќата по својата сестра.
- Како и секој господин, ужива во шолја чај и грчки јогурт секое утро. Во своите три години од животот, посебно засака и добро виски!