Мрачните тајни на принцезата Дајана

Деновиве целото внимание на британските медиуми е свртено кон војвотката од Кембриџ која го очекува своето второ дете со принцот Вилијам. Сепак, во сенката на убавата вест за бременоста, е новата книга на новинарката Пени Јунор, посветена на принцот Хари во која се открива една сосема поинаква страна на починатата Дајана.

Во „Prince Harry: Brother, Soldier, Son“, Јунор зборува за емоционалната состојба на принцезата, нејзината параноја и постојаните проблеми со депресијата, како и за смртните закани упатени кон тогашната љубовница на принцот Чарлс, Камила Паркер.

- Спротивно од верувањата на Дајана, не постоеше кампања со која требаше да се уништи нејзиниот имиџ по разводот. Сосема спротивно, Чарлс даде инструкции на своите луѓе дека не смеат да прават нешто што лошо ќе се рефлектира на принцезата. Тој беше јасен во тоа дека што и да направи или рече Дајана, таа секогаш ќе биде мајката на неговите деца и се што би ја повредило неа ќе ги повреди и нив. Но, и покрај тоа Дајана насекаде гледаше заговор и праќаше анонимни, а понекогаш и мошне отровни пораки на група луѓе, вклучувајќи го тука приватниот секретар Патрик Џепсон и 28-годишната Тиги Леги Бурк која беше најмена од принцот за да се грижи за децата по разводот. Дури и Камила добиваше заканувачки телефонски повици од неа. Истите беа направени во ниедно време од ноќта која Камила беше сосема сама во својата куќа.
„Пратив некој да те убие. Во моментот се во твојата градина. Погледни низ прозорецот, можеш ли да ги видиш?“, пишува Јунор.

Британската новинарка раскажува и за постојаните испадни на принцезата, нејзината ментална нестабилност, неконтролираниот бес и потребата од љубов. Сакајќи да се ослободи од својот стар живот со принцот Чарлс, параноичната Дајана се обидувала да ја прекине секоја врска со семејството. Таа дури побарала од принцот да го земе лабрадорот Харви кој бил омилен на нејзините деца, само поради тоа што ја потсетувал на минатото. Сите негувателки кои се грижеле за принцовите биле отпуштани, бидејќи принцезата ги гледала како потенцијална закана која може да и ја украде љубовта на Вилијам и Хари.

-Бракот не се распадна поради Камила Паркер Боулс, жената која Дајана ја нарече третата личност во нивниот брак. Се распадна бидејќи беше трагичен спој, стои во книгата.

Светот од надвор имаше можност да види принцеза која е измамена од својот сопруг и која се справува со притисоците од кралското семејство, но во приватниот живот единствениот демон со кој што се соочувала Дајана бил недостигот од љубов и очајната потреба за внимание. Според книгата, принцезата постојано ги менувала љубовниците, не можела да воспостави нормална љубовна врска и на крајот завршувала скршена барајќи од своите синови да ја утешат.

Своевремено принцезата даде шокантно интервју во кое зборуваше за своите проблеми, бракот со Чарлс како и за мажите со кои што се гледаше.

-Во тие 58 минути таа ги нападна сите луѓе кои Вилијам и Хари ги сакаа. И зборуваше за нешта кои 10- годишните, ниту 12-годишните деца не сакаат да слушнат, ниту пак сакаат нивните пријатели да слушнат. Но, во вакви моменти, Дајана не размислуваше како мајка. Таа беше детето кое уште ги негуваше оние чувства на осаменост и празнина кои со себе ги носеше целиот свој живот, додава Јунор.

Принцезата Дајана почина на 31-ви август 1997-ма година во Париз каде заедно со својот тогашен љубовник Доди Ал Фаед бегајќи од папараците доживеа сообраќајна незгода.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби