Бидете среќни и поради другите

Никој не е во состојба да биде подеднакво добар во сè. Она што многу жени го забораваат, кога со завист ја гледаат својата ,,совршена“ пријателка, е фактот дека тие гледаат само дел од сложеното човечко суштество. Сите сме склони работите да ги прифаќаме буквално. Веруваме дека туѓиот живот е токму онаков, каков што ни се чини. Но, ситуацијата никогаш не е така идеална или така лоша, како што изгледа. Современиот начин на животот е така забрзан, што не остава време да погледнеме и од другата страна на реалноста.



Другата причина, поради која ни изгледа дека животот на другите е подобар од нашиот, е таа што другите луѓе сакаат да не убедат во тоа. За да ја ,,надуваат“ сопствената самодоверба, луѓето се склони кон претерување во фалењето на сопствените успеси и убавината на животот.

Дури и кога себеси не се истакнуваат свесно, многу малку се оние кои себеси ќе се прикажат во полошо (пореално) светло. Психолозите сметаат дека е тоа инстинктивен гест на луѓето кои сакаат да се прикажат во подобро светло. Во некои случаи, семејното воспитување на луѓето не им дозволува ,,јавно да го изнесуваат својата валкана долна облека“.

Постои уште еден фактор кој го определува нашето поимање на другите луѓе, а тоа е мислењето што го имаме за себеси. Често се среќаваме со ситуација, луѓето кои ги знаат своите вредности, да согледуваат дека други, кои што имале многу помали способности и полош успех во текот на школувањето, успеале да заземат подобри работни места, односно да имаат подобар статус. Во таквите ситуации се јавува сомнеж во сопствените квалитети, кој е тешко да се отфрли со аргументи. Колку што е самодовербата помала, толку е поголема потребата од споредување со други и тие да се идеализираат. Со други зборови, вие на тој начин покажувате колку ниско се вреднувате самите себе, она што го имате и она што го работите, додека сите други имаат повеќе и работат подобро, при тоа, не обрнувајќи премногу внимание на реалната состојба. Животите на вашите пријатели ви се чинат посебно убави, тогаш кога вашиот живот се распаѓа.



Сите ние поминуваме низ периоди на подеми и падови, но повеќе од очигледно е дека сите тие промени не ги доживуваме во исто време. Животот е долг процес и сосема е разбирливо, додека некои поминуваат низ драматични настани, други да уживаат во среќни моменти. Но, сите знаеме дека само после неколку години ситуацијата ќе биде обратна.

Во никој случај, не можеме целосно од нашиот живот да ја елиминираме потребата од споредување со други, но мора да се загрижиме ако тоа ни станало практика. Постојаното споредување може да создаде напнатост и вознемиреност, па дури и депресија и губење на самопочитта. Конечно, можете да ја изгубите енергијата без која не ќе можете да одите напред.

Затоа, бидете свесни за своето однесување. Кога и да почувствувате несигурност, преиспитајте се и најдете го она во својот живот што е позитивно, за да се сконцентрирате на него.

Ако на вашите пријатели навистина сè им е токму, бидете среќни поради нив. Но, запаметете - и тие, во некој момент од животот, со завист гледале на вашиот живот и мислеле колку сте среќни.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби