Нобелова награда за смешни научни достигнувања

Научниците кои мереле колку се лизгави корите од бананите, како сланината го прекинува крварењето од носот или ја истражувале реакцијата на бувот на луѓето маскирани во поларни мечки, се добитници на овогодишната Нобелова награда за смешни научни достигнувања.



Годишната награда, која има за цел да забавува, но и да ги поттикне глобалните истражувања и иновации ја доделуваат Летописи на неверојатни истражувања, како комичен пандан на Нобеловата награда чии добитници ќе бидат објавени наредниот месец.



Од десет награди, четири завршија во рацете на научниците кои на многу посебен начин ги интересираше храната. Така, тим јапонските научници заслужија Нобелова награда за физика со истражувањето колку е опасно да се стои на кора од банана.



Други научници истражуваа што се случува во мозокот на луѓето кога во тостот ќе го видат лицето на Исус Христос, како фекалиите на новородено бебе можат да се искористат во производство на колбаси за готвење и како сланината да се стави во носот за да престане крварењето.



Овогодишната Нобелова награда замина и кај истражувачите кои ја мереле болката што луѓето ја чувствуваат додека гледаат грди уметнички дела, испитувањето дали мачките како домашни миленичиња се опасни за менталното здравје на сопственикот и зошто луѓето кои доцна одат во кревет имаат повеќе психички проблеми.



Фаворитот на Марк Абрахамс, уредник на Летопии и идеен зачетник на „смешниот“ Нобел беше студијата на норвешки и германски научници кои тестирале како бувовите реагираат на луѓето облечени во костуми на поларни мечки. Меѓу добитниците се и научници од Чешка, Германија и Замбија кои откриле дека кучињата сакаат да легнат така што телото ќе им се совпадне ссо линиите на Земјиното геомагнетско поле во насока север - југ, како и италијанската Национална статистичка канцеларија која големината на економијата ја зголеми така што во приходите ја вклучи заработувачката од проституција, трговија на наркотични кријумчарења и други казнени дела.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби