И ги изел срцето и мозокот на вереницата

Тами Џо Блантон (46) таа кобна вечер пријавила во полиција дека нејзиниот дечко Џозев Оберхенсли (33) се обидува да и провали во куќата. По интервенцијата на полицијата, Џозев мирно си заминал. Сепак, на местото на случајот полицијата се вратила околу 10 часот наутро за да провери дали се е во ред, бидејќи Тами не се појавила на работа.

Оберхенсли признал дека ја убил и ѝ ги изел мозокот, срцето и белите дробови на својата девојка Тами Џо Блантон. Сега тој се соочува со обвиненијата на крволочно убиство бидејќи пред една недела провалил во куќата на својата бивша свршеница, ја убил, сварил и изел.

Според извештајот полицајците го пронашле нејзиното крваво тело, а делови од нејзиниот череп биле изрежани. Полицијата во куќата нашла и чинија полна со крв и коски, како и даска и прибор за готвење измачкани со крв. Според полицискиот извештај, Оберхенсли подоцна признал дека ја сварил и ја изел Тами.

Полицијата го открила нејзиното мртво тело под завеста во када во бањата.

Таа имала фатални повреди на главата, вратот и торзото. Черепот бил очигледно уништен. Ткиво од нејзиното тело било пронајдено во кантата за отпадоци.

Џозев има долго досие, тој во 2000 година, кога е осуден поради убиство на својата тогашна девојка Сабрина Елдер (17) во 1998 година, пукал во неа и ја усмртил. Елдер, пред кобната случка го родила нивниот син, а нејзиното убиство се случило во куќата на бабата на Оберхенсли, која се обидел да ја убие,  за што бил осуден, исто така.

Во 2012 година е пуштен условно на слобода, но во 2013 година упаднал во неволји бидејќи се обидел да задави член од обезбедувањето на еден клуб.

Пред два месеци е уапсен поради пребрзо возење, а Тами Џо Блантон тогаш платила 1.000 долари за да го пуштат.



Тужителот Џереми Мул тогаш барал поголема кауција, но неговиот колега, кој сега дал оставка, ја намалил кауцијата допуштајќи му на Оберхенсли да излезе на слобода. Првичната кауција била 25.000 долари, пред тој да може да биде пуштен на слобода повторно, но била намалена на 5.000 долари, овозможувајќи му да биде пуштен за 500 долари.

- Почувствував дека е опасен, и бев во право. Тоа ме прогонува – рекол Џереми Мул.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби