Љубителите на нудизмот во Сан Франциско најавија дека во сабота ќе се одржи „Нудистичка Олимпијада“.
Овој настан ќе биде во знак на поддршка на уапсените нудисти во Малезија.
- Нудистичката Олимпијада која ќе се одржи на плажата Бејкер, ќе биде второ натпреварување од ваков тип во Сан Франциско. Луѓето ќе се разголат и ќе се забавуваат. Претходно ваков гол настап се одржа во 2008-та, рече Џипси Таб, истакнат нудист од САД.