Баба и дедо симнуваат ѕвезди за внуците

Љубовта на баба и дедо е безусловна. Ги гледаат своите внуци како денес да е последниот ден на светот. Секогаш имаат време и трпение. Полни се со разбирање и не умеат да критикуваат, ниту пак да го повишат тонот. За децата знаат да бидат и дечиња со кои ќе си играат во паркот, но и прво рамо за плачење по кое ќе посегнат откако им се скршила омилената играчка.



Тие сакаат, а не замеруваат. Најубаво воспитуваат бидејќи секогаш имаат насмевка на нивните лица и не употребуваат неразбирливи зборови. Ги тешат и ги охрабруваат, ги бранат и ги кријат кога ќе направат некоја беља, но најважно од сè – им симнуваат ѕвезди на внуците!

Вистинската баба е спремна секој ден да прави различни палачинки само ако нејзините внуци ги обожаваат, додека дедо ќе игра фудбал 5 часа иако има болки во половината.



Психолозите нагласуваат дека улогата на бабата и дедото во воспитувањето на децата е многу важна, поради годините во кои се наоѓаат имаат повеќе време и трпение па полесно допираат до главите на малите.



Внуците во некое почувствително време имаат поголема доверба во нив отколку во родителите, поради што им се доверуваат и им бараат помош. Со мама и тато не оди така едноставно, бидејќи тие казнуваат, прекоруваат, креваат врева, а бабите и дедовците се подобри и се жртвуваат за внуците. Дури и кога нешто не им се допаѓа, се прават дека не виделе. Многу често нивните деца ги прекоруваат поради тоа што ги разгалуваат внуците, но на тоа тие само одмавнуваат со раката.



Па сепак, тоа не е некоја приказна од вчера. Тоа се случува со секоја баба и дедо кои никој не може да ги убеди да не сакаат безусловно, бидејќи тоа е нивна основна и омилена улога во семејството.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби