Поучна приказна

Верувате ли во живот после раѓање?

Две близначиња разговараат во утробата на нивната мајка:



- Веруваш ли во живот после раѓање?
- Сигурно постои нешто после раѓањето. Можеби сме тука токму за да се подготвиме за животот кој следи потоа.
- Тоа е глупост. Нема живот после раѓањето. Како тој воопшто би изгледал?
- Не знам точно, но уверен сум дека ќе има повеќе светлина и дека ќе можеме да одиме, па и да јадеме со својата уста.
- Тоа е тотална глупост! Знаеш дека е невозможно да се трча и да се јаде со сопствената уста, па затоа имаме папочна врвца! Ти велам, не постои живот после раѓањето. Папочната врвца е премногу кратка.
- Но, јас сум убеден дека постои нешто надвор од ова овде. Нешто сосема поинакво од животот кој го живееме сега.
- Но, никој не се има вратено од таму. Животот завршува со раѓањето. Покрај тоа, животот не е ништо друго туку постоење во тесна и мрачна околина.
- Па, не знам како точно изгледа животот после раѓањето, но во секој случај ќе се сретнеме со нашата мајка. Таа ќе се грижи за нас.
- Мајка? Зарем ти веруваш во мајка? Па, каде мислиш дека таа би била?
- Насекаде околу нас! Ние сме живи благодарение на неа. Без нејзиното постоење не би постоеле ни ние.
- Не верувам во тоа! Никогаш не сум ја видел мама, затоа е јасно дека таа не постои.
- Да, можеби е така, но понекогаш, кога сме потполно мирни, можеме да ја слушнеме како пее и го милува нашиот свет. Знаеш, уверен сум дека животот после раѓањето допрва нè очекува...



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби