Женската убавина низ историјата

Секој ден гледаме безброј фотографии од совршени женски тела со прекрасни лица. Верувале или не – тие фотографии ги гледаат многумина, а со тоа создаваат една перцепција дека женската убавина е многу побитна од други вредни работи кои ја создаваат една личност.

Тешко е да поверуваме дека пред 150 години, жените немале прилика да го споредат своето тело со фотографии на други жени, а камо ли да се нервираат за изгледот.

Но, како изгледала женската убавина низ историјата?

Во 19 век само богатите жени имале огледало



Огледувањето некогаш било многу скап „спорт“! Судејќи по книгата на Карл Риси „Becoming Women“ само богатите дами можеле да си дозволат огледало кое чинело колку еден луксузен автомобил. Освен тоа, повеќето огледала биле нерамни и матни, па изгледот бил различен од огледало до огледало. Многумина дури не ни знаеле како изгледа до крајот на 19 век, кога огледалото влегло во секојдневната употреба.

Модните магазини први почнале да користат слики од жени



Изабел Лен во книгата „Carnival on the Page“ пишува дека описот на женската мода најпрво бил популаризиран во Америка во почетокот на 19 век. Сликите цртани со рака, покажувале групи на жени облечени во модерна облека од тоа време. Интересно е дека на ниедна слика никогаш не се наоѓала една жена. Во тоа време, шминката се поврзувала со проституција, козметиката рачно се правела, а оптоварувањето со физичкиот изглед се сметало само како навика на суетните и површните жени.

При крајот на 19 век кај жените се јавуваат грижи за изгледот



Средната класа во Америка веќе од 1860-тите години можела да си дозволи портрет. Тогаш за прв пат повеќе Американци имале свест за тоа како објективно изгледаат, а често биле склони кон депримирање откако ќе го видат портретот. Од таа причина е воведена пракса жените да се разубавуваат пред сликање.

Масовните медиуми создаваат експлозија на млади и згодни Американки



При крајот на 19 век, женските магазини започнале со масовна продукција и биле достапни насекаде. За да заземат што подобро место на пазарот, уредниците почнале да ставаат млади и убави жени на насловните страници. Најпозната била „Gibson girl“, која и денес се смета за прва фотографија од „совршената Американска жена“, а нејзиното лице можело да се забележи речиси на сите производи.

Од 20-тите години жените стануваат целна група



До тој период, грижата за изгледот била својствена само за богаташките, но во 20-тите години цел било да се всади во секоја жена. Дури и рекламите од 1924 година велат: Освен ако не сте една од илјадници жени, морате да користите пудра и руменило. Рекламите ја поврзувале убавината со социјалниот статус, а Афроамериканките се мачкале со опасни избелувачи за кожа за да имаат повисок ранг во друштвото. Во рекламите се искористувале фотографии кои ги охрабрувале жените да се споредуваат со моделите, како и своите тела да ги гледаат како оружје со кое ќе се борат против другите жени.

Холивуд ја дефинира идеалната Американска жена



Холивудските филмови ги поставувале новите стандарди на атрактивност, особено во доменот на женските портрети од актерки. За време на 30-тите години, се повеќе Американки купувале козметички производи кои ги користеле познати актерки, за да добијат сличен изглед на нив. Шминката, која до тогаш се сметала како „кич“ веќе почнала да станува гламурозна.

Гламурозните актерки станувале дел од секојдневието



Во 40-тите и 50-тите години, козметичката индустрија вложувала огромни пари во телевизиските реклами. Тони и тони нови производи ги таргетирала тинејџерките и младите девојки. Исто така, тогаш настанале натпреварите за убавина која ја барале новата најубава ѕвезда. Во тој период идеал на убавина била Мерлин Монро, а убавината била сè за што размислувала една просечна Американка.

Женското тело станало премногу застапено во 60-тите



Фотографиите на жените кои тежнеат кон слабеење биле насекаде, од магазините до филмовите, а секоја просечна жена требало да се грижи за својот изглед. Многу магазини се соочиле со лоша продажба при крајот на 60-тите години, поради што нивната популарност успеале да ја кренат преку женското тело, за нивната продажба да порасне до 70% од 1968 до 1972 година. Колку многу жените биле опседнати со своето тело поради овие магазини, сведочи и студијата во која 80% од женската популација сметала дека се дебели.

Во 70-тите години жената се истакнува  сексуалноста кај жените



Ова е период кога женската убавина се објективира, а жените носат се помалку облека. Во меѓувреме, расколот помеѓу совршениот модел и просечната Американка продолжува да се шири. До 90-тите години, идеалната женска убавина се засновала на прикажување на женскиот сексуален објект насекаде – од музички спотови, телевизиски реклами до програми.

За најубави жени се сметале белките



Во либералниот период на 70-тите години па понатаму, постоел одреден вид на дискриминација, па совршената жена се сметала дека е од бела раса. До 1974 година на секоја насловна страница на магазинот „Vogue“ се наоѓала белка, а до 1983 година, секоја Мис Америка била исто така белка. Сепак, многу црнки успеале да ги срушат бариерите и да дојдат до публицитет во тогашната медиумска култура, како што е моделот Дониел Луна, првата Афроамериканка која се појавила на насловната на „Vogue“.

Во 90-тите настапува нов вид на убавина – фотошоп



Програмата фотошоп е измислена во 90-тите години и се користи за разубавување на уметничките и футуристичките фотографии. До 1995 година, усовршувањето на фотографиите станал дел од секоја рекламна кампања, со оглед на тоа што секоја жена изгледа слаба и со неверојатна свиленкаста кожа. Во 1985 година една од три жени изјавила дека е незадоволна со својот изглед, а истото испитување од 1993 година, покажало дека секоја втора жена се чувствува така.

Денес женските тела се поизложени од кога било



Голи, фотошопирани, совршени и често хипер-сексуални тела се наоѓаат насекаде околу нас што веќе не ги ни забележуваме. Ако на ова го додадеме и влијанието од социјалните мрежи, жените се во ситуација секоја минута да бидат оптеретени со својот изглед, споредувајќи се не само со познатите жени туку и со секоја жена.

Доказ дека женската убавина била отсекогаш важна се многу уметнички дела од познати уметници, кои својот талент најмногу го истакнувале поради своите музи. Уметничкото студио „ArtFido“ успеало да состави едно видео од три минути во кое е прикажана женската убавина од уметничките фотографии. Забележете ја разликата од првата фотографија, до последната!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби