Како е да се биде шпион?

Хери Фергусон е поранешен разузнавач на МI6, односно таен агент на Националната разузнавачка служба (National Investigation Service – NIS). Во 2005 година, тој заедно со Мајк Бејкер од ЦИА добил орден за шпион, а потоа напишал серија на книги: Spy – A Handbook.

Во последно време Хери помага во снимањето на серијата „The Blacklist“, во која главна улога ја има Џејмс Спејдер, а во меѓувреме реши да ја сподели и својата приказна за The Guardian, а ние ви ја прикажуваме во целост.



Бев регрутиран во тајната служба за време на Студената војна

Бев последна година на универзитетот Оксфорд, кога мојот претпоставен дојде и ми кажа: Што мислиш да правиш со својата кариера? Му кажав дека планирам да се пријавам во полиција или војска. Тој застана и ме прекина: Дали си размислувал да работиш за твојата земја? Не знаев за што ми зборува, но само потврдив. По тој одговор добив писмо од некој анонимен владин департман во кој ме покануваат на интервју во Лондон.

Знаев дека нема да имам работа како на Џејмс Бонд, но бев љубопитен да дознаам повеќе

Многу малку работи знаев. Не ја знаев ни разликата меѓу МI5 и MI6. Ни на крај памет не ми било да размислувам за тоа. Но, по едно интервју, следуваше друго и веќе бев испратен на пракса. Знаев дека оваа можност се случува еднаш во животот и морав да дознаам за што е работата.

Бев регрутиран на старомоден начин, со оглед на тоа дека денес постојат веб-страни и регрутирачки тим кој шета низ универзитетите организирајќи отворени разговори. Овој пат мрежата се фрла многу пошироко, иако се уште може да те протапкаат по рамо.

Не постои одреден тип на шпион кој го бара тајната служба

Тие бараат независни, луѓе кои се водат по своите идеали, кои не се препознаваат во ниедно друштво. Идејата е да се најдат што е можно повеќе интелигентни и различни мажи и жени.



Не сум сигурен што точно им се допадна кај мене, но отсекогаш сум имал меморија за ситни работи. Можам за 2 минути да ги заборавам имињата на луѓето со кои сум се запознал, но можам да забележам многу детали кои се важни за откривање на некои работи или пак многу да откријам од документи расфрлани на твоето биро.

Работата на шпион може да биде многу осамена

Најпрво, започнуваш работа за која никој не знае – често сте свесни за работите кои се случуваат во светот на другите луѓе за кои тие не знаат и никогаш нема да дознаат. Кога јас веќе станав шпион, ми кажаа да не и кажам ни на партнерката. Сепак, тогаш се работеше за старомоден систем, кој по 1990-тите години се смени. Но, работата е иако некои работи се допуштија – само одредени членови од семејството може да знаат за работата – никогаш не можеш да зборуваш за деталите на операциите или што се случува со одредени агенти.

Знаењето дека некој друг е затворен, мачен или убиен бидејќи ти не си ја завршил работата правилно е ужасен товар

Кога започнуваш како млад разузнавач си велиш: Добро е, ми одговара ова. Но, всушност навистина е чувствителна работата на разузнавачите, а не можете со никого да ја споделите. Секогаш го носите тоа со себе. Сепак, потребно е да држите рамнотежа за се во животот, па така и за работата.

Покрај набљудувањето, работата во тајната служба и не е така опасна работа



Во Америка е малку поразлично, бидејќи тајните агенти се гледаат себеси како војници и се изложуваат врз опасност на начин на кој Британските разузнавачи не се изложуваат. Нормално, она што се случува во службите е дека ризикот си го прави самиот агент. На пример, ако сакав да дознаам нешто за иранското производство на нуклеарка, нема да можев така лесно да влезам во земјата, без разлика на тоа колку добро сум покриен. Но, можам да регрутирам научник кој веќе е таму. Се разбира, ако нешто ескалира, научникот кој е таму ќе страда – а не јас.

Добриот операционен разузнавач има неколку различни стории за прикривање

Да сметаме дека се наоѓаме во градот од каде потекнувате. Може да ви се јават од каде било и вашата цел да биде секој еден. Па еден добар операционен разузнавач ќе има шест или седум лажни идентитети и специјални сектори чија работа им е да ја потврдат вашата сторија. Во мое време, едноставно можеше да испечатиш пасош, да се качиш на авион и да пристигнеш. Сега со напредокот на технологијата, секторите за прикривање се многу пософистицирани.

Многу работи во работата како шпион се здодевни

Измачувањето во секоја операција е дека има огромно подготвување и истражување. Иако си разузнавач со голема поддршка, постои многу чекање за да се случи нешто преку кое ќе ги откриеш и најосновните информации. Постои многу здодевна рутинска работа, барање агенти, кружејќи наоколу и одење на состаноци од коинема да добиете никаква информација. Мора да бидете трпеливост додека да помине тој процес.



Влегувањето во тајните служби не е само една игра на младиот човек

Постои огромна тенденција да се регрутираат луѓе кои се повозрасни, не само млади луѓе од универзитети. Се повеќе, тајните служби бараат луѓе кои успеале да изградат кариери и бараат некоја промена. Ова се случува поради неколку причини – го подобрува расудувањето кај човекот и помага да се прикрие бидејќи претходно работел нешто. Дури и на веб-страната на тајната служба стои дека кај секој таен агент бараат претходно познавање од некоја област. Веќе откако си успеал да се избориш во животот и си направил и други работи – ќе бидеш многу подобар таен агент и разузнавач.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби