Карактеристики кои ги красат само Супермајките

Проверете дали сте една од нив

Во последно време многу се зборува за жени кои постигнуваат сè да направат, а при тоа имаат и деца. Нив ги нарекуваат супермајки. Нивните домови се чисти, децата им се уредни, оброците им се обилни, тие се средени и нивните сопрузи се задоволни од нив на секое поле. Многумина не веруваат во нивното постоење, но може токму вие да се едни од нив! Доколку не верувате, издвојте неколку моменти и помислете за овие неверојатни работи кои успевате да ги постигнете!



Еве кои карактеристики ги красат овие жени:

1. Можете потполно да се средите во купатилото (коса, тело, бричење) во рок од 5 минути.

2. Можете да го слушнете плачот на вашето дете на растојание од 50 метри, дури и доколку тоа се наоѓа помеѓу 100 други деца.

3. Секогаш знаете кога детето ви е гладно, дури и ако самото не е свесно за тоа.

4. Некако успевате да јадете и вие.

5. Успевате да се грижите за вашето дете дури и кога сериозно сте болни.

6. Се терате себе си да изигрувате „лош полицаец“, бидејќи знаете дека тоа го правите за доброто на детето.



7. Вашата прегратка има магична моќ да го смири детето.

8. Можете да поминат неколку дена да не пронајдете момент да се средите и разубавите, но кога вашето дете ќе ви каже дека сте убави, вие така и се чувствувате.

9. Може да соберете едното дете од училиште и да се појавите на другиот крај од градот за да го однесете другото дете на час по танц.

10. Често навечер лежите во кревет чувствувајќи се како промашување, но сепак секое утро станувате и повторно се трудите.

11. Во исто време можете да подготвувате вечера, да зборувате на телефон и да го вардите немирното дете кое ви се мотка околу вас.

12. Можете да функционираат и после само неколку часа сон.

13. Не само што можете да функционирате ненаспани, туку сите покрај вас живнуваат од тоа што сте полни со енергија.



14. Вашите деца ве сакаат, без оглед на сите ваши маани и грешки кои повремено ги правите.

15. И покрај сите животни потешкотии, се чувствувате прекрасно кога ќе помислите дека сте мајка на вашето дете.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби