Потсвест, желба или фантазија?

Кај различни народи, па дури и кај нас, сме задржале многу обичаи од стари времиња и религии кои денес се сметаат за суеверие. Особено може да ги слушнеме за време на венчавка, пораѓај, новороденче и слични работи.

Ви ги претставуваме некои од тие верувања. Кој знае, можеби некое суеверие крие по некоја вистина или пак сè е поврзано со нашата потсвест, желба или фантазија?



Чајник

Ако го скршите чајникот додека правите чај, ќе ви се случи несреќа.

Доколку чајот во чајникот го мешате со лажица, ќе се скарате со пријателите.

Ако имате чајник кој испушта звуци за време на пареата, неговиот звук претставува добра среќа.

Чаша

Ако пиете од туѓа чаша, ќе ги дознаете мислите на таа личност.

Ако некому му подаваме полна чаша преку нечија туѓа глава, личноста утредента ќе има главоболка.

Ако ви падне чаша и не се скрши, ќе бидете повикани на нечија свадба.

Дете



Детето кое личи на својата мајка ќе има среќа во животот.

Добро е првиот дар бебето да го прими од мајка му, бидејќи тогаш цел живот ќе биде среќно.

Ако горниот дел на новороденчето е збрчкан, следното дете кое ќе го роди мајката ќе биде од спротивниот пол.

Жената која прв пат доаѓа на гости и го земе во раце новороденчето - наскоро ќе стане мајка.

Ако го бакнете детето кое прв пат го гледате, тоа ќе ви донесе среќа. Исто така, среќа ќе ви донесе и ако го бакнете за стапалата.

Добро е да му дадете нешто за јадење на детето кое прв пат го гледате, бидејќи се верува дека така ќе му овозможете живот во кој секогаш ќе има што да јаде.

Ако сонува жената дека нејзината мајка има бебе, наскоро ќе забремени.

Ако жената роди девојче, значи е посилна од мажот.

Ако го продадете креветчето на бебето ќе ве следи несреќа.

Ако најдете цуцла, наскоро во семејството ќе има принова.

Се верува дека детето нема да почне да расте додека не падне три пати од креветот, односно ќе биде интелигентно ако падне од креветот пред да наполни една година.

Ако детето седне на сред соба, значи дека наскоро ќе ве посетат гости, а ако се движи кон вратата, гостите ќе донесат разочарување.

Детето кое постојано плаче како мало, ќе стане личност со добар карактер.

Децата кои брзо почнуваат да зборуваат, бавно одат.

Гости

За да ги избркате гостите, ставете метла зад вратата во собата каде што седат гостите, но рачката на метлата да биде вперена кон нив. Со овој обичај се верува дека гостите побрзо ќе си заминат.

Кревет



Ако станете од кревет на лева нога, токму тој ден ќе ве следи лоша среќа.

Исто така се верува дека морате да станете на иста страна на која сте легнале.

Ако жената остави пелена под туѓ кревет, во таа куќа наскоро ќе се роди дете.

Лошо е да почнете да го средувате креветот, а потоа да го оставите недовршен.

Ако две личности го средуваат креветот, наскоро ќе се скараат.

Доколку ја менувате постелнината во ноќ во која нема месечина, никогаш нема да имате паразити или инсекти по креветот.

Не ги пеглајте чаршавите или секогаш ќе ве следи несреќа.

Оние кои го средуваат креветот во недела ќе имаат лоша среќа. Најдобро е да го средувате креветот рано наутро.

Ако постелнината ја наместете наопаку, тоа е знак дека брзо ќе се селите.

Куќен праг

Постојат различни верувања за тоа дали при излегување од куќата треба да се стои на прагот или не. Некои тоа го сметаат за среќен знак, додека други тврдат дека под прагот живеат лоши духови кои не треба да ги вознемируваме.

Ако Циганка ви плукне на прагот, се смета за многу среќно!

Метење

Никогаш не ја метете куќата навечер, бидејќи ги навредувате духовите на мртвите.

Не го терајте цело ѓубре низ влезната врата, бидејќи на тој начин ја бркате среќата од вашата куќа, туку соберете го во купче и фрлете го со лопатка – така ќе ги избркате и злите духови.

Ако момче влезе во куќа во која моментално се мете, таа година нема да се ожени.

Невеста



Ако невестата брзо ја износи облеката која по венчањето ја носела на својата свадба, секогаш ќе има пари.

Ако носи вел кој го носела нејзината баба, секогаш ќе живее во изобилство. Но, не е добро да се покажува на кого било пред венчавката.

Ако невестата го изгуби прстенот, нема да може да најде среќа во животот со сопругот, односно првата година од бракот не треба ни за миг да ги вадат венчалните прстени.

Ако видете пајак на денот на свадбата – тоа е добар знак.

Позајмената венчаница носи среќа само на онаа жена на која и припаѓа, но не и на онаа која ја позајмува. Но, задржувањето на својата свадбена облека не е убаво, бидејќи се додека ја имате нема да напредувате.

За невестата е убаво да го наследи прстенот на мајка и и со него да се венча.

Бидермаер

Ако чекате да го фатите бидермаерот, кога го фрла невестата посакајте нешто. Кога ќе отидете дома, разврзете една врвца од него и вашата желба ќе се исполни.

Невестински вел

Не пробувајте невестински велови бидејќи се верува дека нема никогаш да се омажите.

Велот ја штити невестата од уроци.

Нож



Ако сакате да го оттргнете досадниот фраер со кој никако не можете да се замислите, подарете му нож или некој друг остар предмет. Оваа магија може да се разбие ако момчето ви подари монети или предмети со слична форма.

Ако ножот ви падне и се забие на под тоа е добар знак. Лош знак е ако ви падне ножот додека јадете. За да ги отстраните последиците, останете на масата, но престанете да јадете.

Бакнеж

Бакнежот во уста носи добро, бидејќи нашите предци верувале дека здивот е магичен, односно дека во себе има трагови од душата на личноста која воздивнала, па така преку бакнежите ги мешаме своите души.

Скали

Ако паднете од скали, тоа е знак дека наскоро ќе се збогатите.

Ако сакате да го сонувате оној/онаа со која ќе бидете во брак, треба 13 ноќи псоледователно да броите 13 скали и на 13-тата ноќ ќе го/ја сонувате. Други извори тврдат за 9 скалила и 9 дена или пак 7 скали во 7 дена.

Маса



Немојте да спиете и пеете на маса бидејќи тоа носи несреќа.

Трошките од масата никогаш не ги фрлајте на подот бидејќи така цел живот ќе бидете сиромашни.

Никогаш немојте да седете на маса, бидејќи тоа носи несреќа.

Кога ја поставувате масата, најпрво ставете сол, бидејќи се верува дека оние кои ќе седнат на масата доживотно ќе останат пријатели.

Стол

Ако дете си игра со стол ќе ја навлече несреќата во куќата.

Доколку ви падне столица, кренете ја, но немојте веднаш да седнете на неа, бидејќи тоа носи несреќа.

Ако ви пукне ногарка од стол, да знаете дека имате непријатели.

Додека го чистите подот во кујната, ако ги наредите столчињата во еден ред, знак е дека наскоро ќе одите на погреб.

Шеќер

За да ги стопирате постојаните караници во домот, истурете малку шеќер на подот. Потоа соберете го шеќерот во лопатка за ѓубре и запалете го. Караниците ќе исчезнат како магија.

Бремена жена



Ако на бремена жена најпрво и се заоблат колковите, ќе роди син.

Исто така, ако има дамки по лице, ќе роди девојче.

Не треба да пречекоруваат метла бидејќи ќе родат влакнесто дете.

Ако жената јаде плод во кој има два плода во еден – ќе роди близнаци.

Ако бремена жена го прескокне мажот во креветот, тој ќе има исто толку болки колку и таа за време на породувањето. Имено, пред да се породи, бремената жена треба да пие чај од ленено семе за полесно да се породи.

Ако трудницата се дружи со луѓе кои имаат кадрава коса, многу веројатно е и нејзиното дете да се роди со кадрава коса.

Доколку јаде многу благи работи, нејзиното дете нема воопшто да ги сака. Но, ако сака да јаде и јаболка и детето ќе ги сака.

Вилица

Ако ви испадне вилицата, ќе ве посети некој пријател.

Венчален прстен

Се носи на четвртиот прст на левата рака уште од времето на старите Египќани, кои верувале дека преку вена е поврзан со срцето, па личноста ќе може лесно да го почувствува злото.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби