Освежете го домот со неколку ситници

Уредувањето на ентериерот може да биде многу забавно и интересно. Со оглед на есента, која знае да биде тмурна, мрачна и сива, зошто да не го освежете вашиот дом со неколку ситници, кои ќе ја разиграат и најдосадната просторија.

Ви претставуваме 7 супер идеи кои можете постојано да ги менувате и надградувате. Употребете ја вашата имагинација и играјте си со предметите.

Ламба



Осветлувањето е многу важен дел во секој дом, а ламбата е посебен детаљ со кој можете да си играте како и да посакате. Овој украс е мошне функционален, било да се работи за столна или подна ламба. Денес постојат неверојатни модели на ламби од кои нема да можете да се одлучите која најмногу ќе ви одговара.

Украси за ѕид



Украсите за ѕид како што се сликите, часовниците или огледалата совршено ги надополнуваат празните ѕидови. Освен што му дава посебна нота на просторот, исто така може визуелно да го зголеми и освежи ѕидот во дневната, кујната или ходникот.

Перници и ќебиња



Освен што се функционални, украсните перници и топлите меки ќебиња се совршен украс за во дневната соба. Можете да ги пронајдете во сите бои, а за миг може да донесат разиграност во просторот во кој живеете. Обидете се да си поиграте со контрастните бои.

Цвеќе



Цвеќето отсекогаш се сметал за совршен детаљ, кој на просторијата и дава свежина и живот, без разлика на тоа дали се работи за букет цвеќе или саксија цвеќе. Само изберете некоја интересна вазна која ќе се вклопи во вашиот ентериер и веднаш ќе ви падне на ум какво цвеќе ќе ви одговара најдобро.

Тепих



Совршен детаљ за есен и за зима е топлиот тепих, но не зборуваме за оној во дневната туку за во купатилото. Изберете некоја храбра нијанса на боја која ќе ви одговара со плочките, додадете уште некој детаљ во иста боја и ќе имате совршено уредено купатило.

Завеса



Некои жени ги одбегнуваат завесите, а на други им се омилени. Ако спаѓате во втората група сигурно знаете дека завесите имаат неверојатно моќен декоративен ефект. Поиграјте си со боите од две нијанси, па едниот слој на завеса нека биде поразлична и понеутрална од другиот слој, кој би можел да биде и со цветен дезен.

Детали за на маса



Купете шарени подметачи за масата во дневната или кујната и веднаш ќе се обои есента во вашиот стан. Обидете се да одберете шарени или во некоја впечатлива боја. Поставете свеќник или чинија со овошје и веднаш ќе ја забележите целината на вашата маса.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби