Добитник на бесплатeн курс за филмски актер и снимање на филм!

ПОЧИТУВАНИ, ДОБИТНИК НА ФИЛМСКИОТ КУРС Е ДРАГАМ МИТРЕВСКИ. Драган прати ни порака на нашата фан страна со цел да те контактираме!

„Џолев и уметностите“ и „ПСМ Фондација“ продолжуваат со креативните обуки. Овој пат најсреќниот читател на ИДИВИДИ кој ќе ја сподели јавно оваа вест (препорачат/shere-нат) со цел јавно да го видиме вашето име од листата на споделувачи, ќе стане потенцијален добитник на обуката ФИЛМСКИ АКТЕР, каде ќе има можност да соработува со професионални актери, режисери, театролози, филмски работници... Исто така секој од вас ќе мора да стане фан на нашата страница на Facebook, доколку до сега не сте го направиле тоа.

На крајот од тримесечната обука сите учесници ќе снимаат краток игран филм, кој подоцна ќе се претстави пред целата јавност со кино премиера. Ментор на оваа обука е режисерот Теа Беговска.



Теа Беговска: „Огледалото е мојот најголем пријател, бидејќи кога ме гледа како плачам никогаш не ми се смее“ – рекол еден од создавачите на филмската уметност Чарли Чаплин. Оваа обука ќе биде нашето огледало кое ќе не научи како да се смееме, но и како да заплачеме. Најважната работа е што преку многу интересни практични примери, што од филмови, што од вежби, ќе дојдеме до сознанијата за тоа што е актерот и како тој чувствува. Пред се ќе биде едно големо дружење и споделување на лични приказни, лични примери кои ќе го создадат сценариото за нашиот филм. За момент ќе имаме можност да застанеме пред камера и да бидеме како некој од нашите филмски идоли, актерски имиња. Нема да си правиме филмови, туку вистински ќе создадеме филм. :)

Пријавувањето е во тек: ПОВЕЌЕ ЗА ОБУКАТА.

Додека сите фотографи ќе имаат можност да се запознаат со техничките и креативни можности на софтверскиот програм за обработка на фотографии – ФОТОШОП, но и вредностите на ликовната - најстарата и најубавата уметност, преку курсот по ПОСТПРОДУКЦИЈА НА ФОТОГРАФИЈА. Ментори и предавачи на курсот се Весна Тирицовска и Дејан Џолев.

Весна Тирицовска: Постпродукцијата е процесот кој следи после самото фотографирање. Според мене, тоа е неизбежен дел за добивање на комплетен и квалитетен производ. Во пост-продукција спаѓаат низа на основни подесувања како: корекција на експозиција, контраст, боја, тонови, сатурација, кропирање, димензии, како и употреба на многу други посложени алатки за изведување на различни фотоманипулации и фотомонтажи.

Дејан Џолев: На курсот по постпродукција на фотографија, учесниците пред се ќе се запознаат со аналогните и дигитални принципи на создавање едно визуелно дело, или во нашиот случај - фотографија. Часовите се толку забавни и нетрадиционални што преку боење со дрвени боички или колажирање различни материјали и бои, ги откриваме тајните на фотошоп, колку и чудно да звучи ова :) практично, креативно и продуктивно! Секој час имаме мини изложба од делата на учесниците, ги анализираме со чај и колачиња.

Пријавувањето е во тек: ПОВЕЌЕ ЗА ОБУКАТА.

Повеќе на ФАН СТРАНАTA.

Контакт: 078 923 172

Добитникот на наградата ќе биде објавен во текот на оваа недела на ИДИВИДИ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби