Исповед: Тито е лажен – вистинскиот нема два прсти и е повисок

Во април 1955 година, Марјан Џон Маркул, агент во американско FBI, во документи кои до неодамна биле чувани во тајност, ја изразил својата загриженост за идентитетот на Јосип Броз Тито.



- Господин Маркул смета дека личноста која денес се претставува како маршал Тито всушност не е вистинскиот Јосип Броз Тито, туку руски агент кој го земал идентитетот на вистинскиот Тито во 1937 година, во време кога Тито исчезнал во Русија, стои во тајниот документ на FBI, датиран од 4 мај 1955 година.

Во документот се наведени и информации за Маркул. Роден е во Ливно на 27 ноември 1909 година, а на 14 март 1944 година станува  натурализиран американец. Служел во американската војска од 9 октомври 1942 до 30 ноември 1944 година, кога ја напуштил службата како каплар. Инаку  во САД емигрирал во мај 1936 година, а неговата сопруга работела како лабораториска техничарка во болница во Лос Анџелес.

Маркул споменал дека во 1953 година ја посетил Југославија и тогаш во два наврати разговарал со Тито. Првата прилика бил на аудиториум кај него во траење од еден час. Тогаш забележал дека Тито има пет прсти на секоја рака и додал дека всушност на вистинскиот Тито му недостигале показалецот и средниот прст на левата рака. Исто така, забележал дека лажниот Тито бил многу образован и свирел на клавир, за разлика од вистинскиот Тито кој не бил добро образован и според она што тој го знаел не умеел да свири на клавир.



- Маркул сметал дека вистинскиот Тито, нему познат како Јосип Броз Тито, бил висок 180см, а дека човекот со кој се сретнал имал околу 160см. Исто така додава како забележал дека човекот кој го сретнал во 53’ имал благ руски акцент и зборувал со некој мек глас, додека вистинскиот Тито зборувал поостро и погрубо. Меркул тврди дека вистинскиот Тито не бил здрав и дека имал туберкулоза, при што во 1937 година исчезнал кога бил во Русија, е наведено во документот.

Тој разговарал со вистинскиот Тито во Југославија во 1928 година и во Париз во 1935 или 1936 година и сигурен е дека тој е вистинскиот Тито. По посетата на Тито во 1953 година во Белград, Маркул ја посетил својата сестра Ана во Загреб, која била мажена за Борис Горич, лекар.



- Сестра му тогаш му кажала дека таа и нејзиниот маж, но и некои други Југословени не веруваат дека тоа е вистинскиот Тито. Му рекла дека по 1937 година, кога слушнале како зборува на радио и ја забележале промената во говорот знаеле дека не е тој за кој се претставува. Маркул се уште тврди дека неговиот татко Иван, кој има 89 години и се уште е жив, го познавал вистинскиот Тито и работел во ист град во Југославија и според мислењето тој не е истиот човек кој во 1937 година бил секретар на Комунистичката партија, пишува во списите од четири страни.

Додека бил во Загреб повторно бил повикан на прием кај Маршалот, каде што имало околу 80 гости. За време на другата средба, Тито се однесувал ладно кон него и неговата сопруга Ингрид и едвај разменил по некој збор. По тој прием, Маркул разговарал три часа со Александар Ранковиќ  кој  бил шеф на безбедност во Југославија и според неговото мислење, најважниот човек во земјата. Со него разговарал три до четири часа и по првата средба.

- За време на двата разговора со Ранковиќ, Маркул ги споделил своите сомнежи, наведувајќи го како доказ и недостатокот на прстите кај вистинскиот Тито. Во двата случаја Ранковиќ му рекол дека не треба да се грижи за тие работи, туку да ужива во посетата на Југославија. Потоа ја променил темата.



Исто така, според мислењето на Маркул, југословенските власти потајно соработувале со Советскиот Сојуз и дека тоа за некој месец на секого ќе му стане јасно. Според неговото мислење, човекот кој се претставува дека е Тито е руски агент. И самиот Маркул, стои во документите, зборувал руски и живеел во Русија од 1930 до 1933 година и на многу јавни места забележувал руски агенти во цивилна облека.

- Него и на многу други Југословени им било очигледно дека Советските власти, ако сакале, можеле да се решат од југословенскиот претседател кога и да посакаат, тврди Маркул кој во Русија времето го поминал по затвори и во 1933 година избегал преку Сибир.



Тој тврди дека Живко Топаловиќ од Франција можел да ги потврди неговите изјави. Тој човек добро го познавал Тито, бидејќи бил во југословенската војска и имал средби со Тито. Живко смета дека личноста која се претставува како Тито е рускиот генерал Николај Лебкдев.

- Маркул исто така тврди дека југословенската влада го осудила Топаловиќ на повеќе од 20 години затвор и дека не може да се врати во Југославија, а да не биде уапсен. Југословенската влада се преправа дека има спорови со СССР за да добива помош и од САД, а всушност не постои никаков спор, стои во документите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби