Одлучив да се убијам

Орегон е една од петте земји во САД, во која е дозволено самоубиство на смртоносно болни пациенти. Законот за самоубиство стапил на сила во 1997 година и оттогаш докторите препишале 1.173 рецепти за смртоносни лекови при што 752 пациенти си го одземале животот.

Сега, 29-годишната Британи Мејнард станала мошне позната откако објавила дека планира да се убие на 1 ноември бидејќи има смртоносен тумор на мозок. Откако имала тешки главоболки, Британи решила да оди на лекар, каде што открила дека има втор степен на glioblastoma multiforme и дека има уште 10 години живот. Сепак, во месец април, откако подлегнала на операција, докторите откриле дека таа заболела од најсмртоносниот рак на мозок и е во четврти стадиум на болеста.  Овој вид на рак ги зема жртвите во рок од неколку месеци.



По оваа дијагноза, Британи одлучила дека сака да се пресели од домот во Калифорнија во Орегон, со цел да си го одземе животот достоинствено. Оттогаш станала најголем говорник на програмата „Смрт со достоинство“, кој им овозможува на терминално болните луѓе да добијат од докторот смртоносни лекови, преку кои можат да си го одземат животот ако посакаат.

Сепак, како што се приближува датумот, Британи смета дека се уште не дошло вистинското време да го напушти овој свет. Тоа го поделила со своите пријатели на нејзината веб-страна.

- Ако осамне 2 ноември и ја веќе не сум тука, се надевам дека мојата фамилија ќе биде горда на мене и на мојата одлука. А ако 2 ноември осамне и јас сум жива, знам дека ќе го продолжиме животот како семејство полно со љубов и ќе знаеме дека до таа одлука мора некогаш да дојде, вели Британи, која не е сигурна кога точно ќе го напушти овој свет.

Таа истакнува дека многу ја повредува што луѓето ја критикуваат за нејзината одлука.

- Боли, затоа што јас всушност го ризикувам секој ден кога се будам. Но, тоа го правам затоа што ми е доволно добро. Се уште уживам и се смеам со мојата фамилија. Затоа мислам дека сега не е време. Но, ќе дојде, бидејќи ми е се полошо и полошо, споделува Британи.

Нејзиниот сопруг Ден, за кој таа вели дека е вистински херој, ја подржува и знае дека е поважен квалитетот од квантитетот. Тие сфатиле дека материјалните работи се небитни и сега се трудат да го искористат секој ден подобро.



Сепак, Британи се плаши да не чека премногу долго.

- Се плашам дека ќе чекам предолго, дека ќе се трудам секој ден да го искористувам и да чекам болеста да ми ја земе мојата анатомија. Неодамна имав најлоша низа на напади. Имав по два пати дневно, што е невообичаено. Се сеќавам дека во еден момент го гледав мажот ми во лице и мислев „Знаев дека ова е мојот маж, но не можам да му го изговорам името“, зборува низ солзи.

Веќе не сака да се гледа ни во огледало, бидејќи последните неколку месеци се здебелила за 40 кг. Не сака да се фотографира ниту да биде близу камерите. Тоа се случува поради нејзината болест.

- Не сум полна со незадоволство, едноставно телото ми се промени за кратко време. Во еден момент престанувате да се препознавате. Понекогаш луѓето ме здогледуваат и помислуваат дека не изгледам така болна како што сум. Тоа боли, бидејќи кога имам напад останувам парализирана, се чувствувам така болно.

Кога ќе почине, сака нејзината мајка, чие единствено дете и е Британи, да продолжи со животот и да не паѓа во депресија. Истото го сака и за нејзиниот сопруг.

- Сакам да му продолжи животот. Тој е прекрасен човек. Сакам да има семејство. Звучи чудно, но ни еден дел од мене не сака цел живот да пати по својата сопруга.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби