Слепа жена се удрила во стол и прогледала!

Лиса Реид од Нов Зеланд, уште од 11-годишна возраст била слепа. Една ноќ, додека се трудела да го бакне кучето за добра ноќ, ја удрила главата во стол и прогледала.

- Никој не може да објасни што се случило, изјавила Лиса.

Поради туморот кој го притискала нејзиниот очен нерв, Лиса до 2000 година била слепа, но по само една ноќ, се се променило. Тогаш имала 24 години.



Следното утро се разбудила и веќе гледала.

- Нема зборови со кои би опишала како се чувствував – неверојатно, фантастично. Можете ли да замислите како е да не гледате и наеднаш прогледувате. Тоа не може да се опише. Да го видите целиот свет е дар.

Фондацијата „New Zealand’s Blind Foundation“ секогаш се трудела да и помага на Лиса, за подобро да се справи со тешкотиите, но и таа знаела да им врати на убав начин. Секоја година од 29 септември до 3 ноември фондацијата организира настан „Blind Week“. По тој повод, Лиса решила да ја подели својата приказна со светот со цел да ги охрабри повеќето луѓе да донираат за оние на кои им е потребно.

- Тие беа неверојани. Ми помогнаа да станам самостојна. Без нив ќе бев изгубена. Благодарна сум што ми ја пружеа помошта, додала Лиса, раскажувајќи ја својата приказна.

Се шокирала кога прв пат го видела брат и.

- Беше маж со брада. Мојот брат станал маж! Кога ја видов мајка ми и кажав: Изгледаш исто, но постара си. Јас сум се претворила во жена, а брат ми во маж.

Средствата кои ќе се соберат во текот на овој настан, кој моментално се одржува, ќе бидат искористени за помош на луѓето со оштетен вид за да станат самостојни, да ги следат технолошките напредоци, да читаат и да имаат поголема можност за вработување.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби