Најголемите и најчудните колекции низ светот

Речиси сите имаме некоја пасија која ја обожаваме и не можеме да престанеме да ја практикуваме. Некои сакаат да читаат книги, други да посетуваат различни знаменитости, а постојат и такви кои знаат да собираат најчудни работи. Сепак, сите си имаат свое место во Гинисовата книга за рекорди.

Чадор за на глава



Ненси Хофман од Мејн, е горда сопственичка на колекција чадори за на глава со колекција од 730 различни типови. Може да го посетите музејот која таа го отвори во местото каде што живее, но и да уживате во хармониката на која таа свири.

Ѓубренцето кое се собира во папок



Австралиецот Грахам Баркер си го собира ѓубренцето од папок уште од 1984 година и до сега ја има собрано најголемата колекција која тежи 22.1 грам! А мислевте дека никој не го собира тоа мало ѓубренце!

Етикети од шишиња за вода



Лоренцо Песчини од Италија има собрано 8.650 различни етикети од шишиња за вода од 185 земји.

Трол кукли



Шери Грум од Охајо во 2012 година го руши рекордот со 2.990 трол кукли, а денес по 2 години има собрано над 3.500 кукли.

Плика од аеродроми



Ниек Вермуиелен од Холандија има собрано 6.260 пликови од 1.191 различни авиокомпании и од над 200 земји.

Минијатурни столчиња



Барбара Хартсфилм има колекција од 3.000 минијатурни столчиња која ги собира веќе 10 години. Откако го постави рекордот во 2008 година, таа отвори музеј во Џорџија.

Коцки



Кевин Кук го постави рекордот за неговата колекција од 11.097 уникатни коцки, која до оваа година брои вкупно 51.000 коцка!

Плишени мечиња



Во 2011 година, Цеки Милеи од Јужна Дакота направи рекорд со собирање на 7.106 плишени мечиња, но сега бројката на мечињата се зголеми за 7.790 мечиња.

Предмети поврзани со Вини



Деб Хофман го држи рекордот на најголема колекција од 10.002 предмети поврзани со мечето Вини и неговите пријатели.

Сообраќајни конуси



Дејвид Морган од Британија ја поседува најголемата колекција на сообраќајни конуси во светот. Иако има 137 различни конуси, тоа се 2/3 од сите типови на сообраќајни конуси досега направени .

Часовници кои зборуваат



Марк мекинли од Охајо ја има најголемата колекција на часовници кои зборуваат и иако го сруши рекордот со 782 часовници, денес поседува 954.

Барбики



Колекцијата од 6.025 барбики, Бетина Дорфман од Германија ја чинеле неверојатни 150.000 долари!

Четки за заби



Григори Флечер од Русија ја има најголемата колекција на четки за заби, односно вкупно 1.320 четки.

Знаци од хотели „Не вознемирувај“



Од 1985 година, Жан-Франсоа Вернети од Швајцарија собрал 11.111 различни знаци „Не вознемирувај“ од хотели во 189 земји низ светот.

Предмети со птицата фламинго



Шери Најт го држи рекордот за најмногу собрани предмети со мотиви од фламинго птицата, вкупно 619.

Кукли од хартија



Од 1960-тата година, Малин Фритзел од Шведска успеала да собере 4.720 кукли од хартија!

Предмети во форма на кокошка



Сесил и Џоан Диксон поседуваат колекција од 6.505 предмети поврзани со кокошка!

Предмети поврзани со храна



Акико Обата од Јапонија има 8.083 предмети поврзани со храна, во кои спаѓаат магнети, канцелариски материјали, играчки, преврзоци...

Џокер карти



Италијанскиот магионичар Тони де Сантис, ја има најголемата колекција на џокер карти составена од 8.520 различни карти.

Даски за сурфање



Доналд Дерлоф има 647 различни даски за сурфање, изложени во неговиот сопствен дом во Хаваи. Неговата колекција е широко позната.

Патики



Џордан Мајкл Гелер го држи рекордот за најголема колекција на патики составена од 2.388 пара.

Салфети



Мартина Шеченберг од Германија има вкупно 125.866 различни салфети!

Гуми за бришење



Уште една Германка, Петра Енгелс, држи рекорд, но овој пат за гуми за бришење! Таа има 19.571 гума од 112 држави низ светот.

Мобилни телефони



Германецот Карстен Тевс има 1.563 различни мобилни телефони!

Чешачи за грб



Дерматологот Манфред Ротстејн од Северна Каролина има 675 чешачи за грб од 71 земји.

Исечоци од нокти



Иако ова не е лична колекција, една организација успеала да собере 24.999 исечоци од нокти за да постават рекорд во 2013 година. Денес поседуваат примероци од над 30.000 индивидуи.

Покемон



Лиза Кортни од Британија го држи рекордот за најголемата колекција на Покемон, односно 14.410 различни предмети.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби