ФОТО: Затвореници по кои полуде светот

Се разбира дека сосема е погрешно да се промовира криминалот и вандализмот кои ги сместил овие луѓе зад решетки, но никако не можеме да ја игнорираме нивната убавина. Убавите лица ги прославија овие затвореници ширум светот, па сега секој од нив има и свои обожаватели. Еве кои се тие:

Џереми Микс – уличен тероризам



Откако неговата слика беше објавена на Фејсбук страната на полицискиот департман во Стоктон, САД, Џереми стана хит низ светот како најубавиот затвореник. Тој бил уапсен на 18-ти јуни оваа година, за уличен тероризам. Неговата затвореничка слика „собра“ 75.000 лајкови, 20.000 коментари и 10.000 споделувања.

Неговата популарност забега толку далеку што дури се формираа групи на активисти (поточно активистки) кои бараа негово ослободување.

Енџи Санклементе Валенсија – лидер на нарко оранизација



Поранешниот колумбиски мис и модел за долна облека, 30-годишната Енџи, е меѓу лидерите на еден од најголемите синдикати за дрога во светот. За неа се вели дека избирала само убави манекенки да пренесуваат дрога од Јужна Америка во Европа.

Нејзината банда била разоткриена на 13-ти декември 2009-та година, кога 21-годишна девојка позната како Ариел, била уапсена со актовка која содржела 55 килограми кокаин, на аеродромот во Буенос Аирес.

Енџи поминала 5 години во бегство, криејќи се од властите, заради што направила и неколку пластични операции за да си го промени изгледот. Но, во мај 2010-та таа била уапсена во еден хостел во Буенос Аирес и осудена на 6 години и 8 месеци затворска казна. По отслужување на половина од казната, во 2013-та таа е ослободена и депортирана назад во Колумбија.

Шон Кори – напад



29-годишниот убавец со зелени очи се прослави откако со тениски рекет претепал човек маскиран како репортер од Fox News на Ноќта на вештерките. По кратка брканица со полицијата, тој бил уапсен.

Стефани Бодуан – провала



Запознајте ја најубавиот повалник и крадец – Стефани Бодуан е обвинета за провала во дури 40 домови во Канада.

Откако нејините фотографии биле објавени, The Daily Mail изјавиле дека јавноста ја прогласува за „најновиот најсекси криминалец во светот“.

Ангела Коутс – нарушување на јавен ред и мир



Затвореничката слика на убавата Ангела ја прослави и ја смести меѓу најубавите затвореници во светот. Оваа 22-годишна манекенка била уапсена во август оваа година, за непримерно однесување и нарушување на јавниот ред и мир, во Џорџија, САД.



Откако нејзината затвореничка слика била објавена на интернет, веднаш почнала да се шири меѓу корисниците и да се коментира за нејзиниот одличен изглед, по што дури биле собрани и 360 долари за кауција. За среќа, таа била ослободена уште истиот ден.

Меган Симонс - возење во алкохолизирана состојба



Во 2010-та, Меган беше најпопуларната затвореничка која им го одзема здивот на сите мажи. Откако во јули 2010-та година, таа била уапсена заради возење во алкохолизирана состојба, нејзината затвореничка слика почнала да се шири вирално.

Нејзината популарност одишла до таму што 28-годишната убавица била искористена за реклама на сајтот InstanstCheckmate.com со натпис „Понекогаш убавите и не се толку невини“. Младата мајка на 4 деца ја тужела оваа страна затоа што не била побарана дозвола од неа, ниту пак и бил платен надоместок.

Стефани Вудс – кражба



22-годишната Стефани била осудена на 15 дена затвор и 50 часа општествено корисна работа заради ситна кражба, со што ја прекршила нејзината условна казна, на која била осудена во 2009-та година како соучесник во вооружен грабеж и киднапирање.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби