Данскиот артист и дизајнер Дан Росегард создаде убава и иновативна велосипедска патека. Имено, патеката е создадена од соларни светла, кои денски црпат соларна светлина, а навечер блескаат распоредени како уметничката слика на Ван Гог, „Starry Night“.
Километарската патека се наоѓа во Брабанд, данската провинција каде што бил роден Ван Гог. Интересните светилки на патеката ќе им помогнат на велосипедистите да возат побезбедно навечер.
Во целост ја поддржуваме оваа идеја и се надеваме дека ова ќе им послужи како пример и на нашите артисти да креираат нешто слично.