Писмото од силувано девојче кое ја посрамоти полицијата

Едно 5-годишно девојче од Есекс, било силувано од нејзин комшија, дете на возраст од 12 години. Три и пол години по силувањето, нејзиното семејство се уште бара правда. Потрошиле 40.000 фунти на правни трошоци, а силувачот поминал само со предупредување „следниот пат тоа да го направи со некој на негова возраст“.

- Сите оние кои требаа да ја заштитат нашата ќерка, не изневерија. Како ќе и веруваме некогаш на полицијата кога така лесно се однесуваа кон силувачот? Сите останавме смрзнати со случката, како животот да ни застана. А нашата ќерка мисли дека нејзиниот глас не допира до властите, изјавија родителите на девојчето, Сара и Питер.



Силуваното девојче, кое сега има осум години решила да напише отворено писмо со кое ја посрамоти полицијата.

Драг господине,

Кога имав пет години ми се случи нешто многу лошо и ваша работа беше тој да се казни. Но, вие не ја извршивте својата работа и ме изневеривте. Тоа ме растажува, вознемирува и ме збеснува, бидејќи поминаа три години, а тој се уште не е казнет.

Дали го направивте тоа намерно затоа што има 12 години? Верував дека ќе ме извлечете, а вие само ме потопивте.

Мислев дека полицајците се добри и дека ги фаќаат лошите луѓе, но вие не сте такви. Не сте во право и треба тоа да го знаете. Се надевам дека знаете колку сум разочарана поради тоа. Мислам дека треба да ми напишете писмо и да ми се извинете.

Се надевам дека во иднина ќе се однесувате подобро и дека ќе ја извршувате работата како што треба. Се надевам дека еден ќе го стигне казната која ја заслужува.

Еден од полицајците и врати на ова писмо.

Многу ми е жал за грешките кои ги направила полицијата на Есекс во врска со овој случај. Навистина ми е жал што си имала толку лошо искуство и се надевам дека во иднина те чека сè најдобро.



Агонијата на девојчето започнала во 2011 година, кога момчето каде што отишле на гости со родителите, ја однел во неговата соба. Почнал да и покажува порно филмови на компјутер, а потоа ја силувал. Следниот ден девојчето и се доверило на мајка и и објаснила што и се случило.

- Ништо не можеше да ме подготви за тој момент кога сфатив што се случило. Таа беше многу вознемирена, бидејќи момчето и рекол да си играат маж и жена и дека не смее на никој да каже за играта. Но, таа никогаш не го скри тоа од нас, изјавила нејзината мајка.

Овој случај е пријавен во полицијата, а момчето подлегнало на испитувањата и признало објаснувајќи дека неговите другари тоа го прават со своите сестри. Но, поради тоа ништо не е преземено.

- Нашата фамилија никогаш нема да биде иста. Веќе немаме верба во законот и во правдата. Немаше правда за нашата ќерка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби