Што прават келнерките за 6.000 долари по ноќ?

Во Австралија, постои група од 300 девојки, кои одат по „отфрлените“ делови на земјата и нивна работа е да бидат облечени што попровокативно и да ги послужуваат рударите и фармерите. Токму поради разголените тела тие започнуваат со 1.000 долари, а поради бакшишите често завршуваат со по 6.000 долари од вечер. Сепак, мора да ги забавуваат муштериите.



Името на групата е „Skimpis“, а Шеа, која е дел од оваа група работи 10 години и вели дека најголема мотивација на сите девојки им се парите.

- Парите кои ги заработуваме се многу добри, па затоа трпиме различни ср***. За оваа работа, најважно е да бидете свесни на она што сте. Запознаваме многу чудаци, кои се шегуваат со нас поради нивни лични проблеми, па затоа треба да имате дебела кожа особено кога ќе се напијат. Во тие моменти, се вртиме и се смееме и ние, а ако продолжат со такво однесување тогаш ги праќаме во борделот, изјави Шеа.



Таа истакна и дека мажите неретко бараат екстра услуги, поради кои повеќето девојки се откажуваат од оваа работа не можејќи да се изборат со тоа. Сепак, таа има разбирање за сите нови девојки бидејќи добро се сеќава на нејзините почетоци кога одела во купатило и плачела бидејќи и кажале нешто лошо.

- Сепак, секогаш се случува нешто интересно, а повеќето гости се пристојни, сакаат да разговараат и да се смеат со нас. Некои поминуваат и 60 дена во дивината, па нормално е да сакаат разговор.



Сега, нивниот живот ќе се најде пред малите екрани и тоа во документарната емисија „Skimpy“, а за таа цел уредничката Мариел Томас поминала една недела со нив.

- Ме изненади кога видов дека тие се како дел од ентериерот во тие барови, но она што е важно е дека сите се паметни, вели Мариел.



Шеа студирала дизајн и сакала да почне да создава костуми токму за тие девојки.

- Не можам да го напуштам овој начин на живот, а ниту парите. Предолго сум овде, затоа ќе ги комбинирам и двете кариери, додава Шеа.







Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби