Робинка на Аркан: Ме силуваа, ме тепаа и ме сечеа по гради

М.М. била 20 години кога започнала воената ситуација во Босна. Но, таа ја почувствувала војната многу поразлично, на начин на кој и го сменил животот целосно. По долги години, таа решава да ја каже мачната вистина.

- Шест месеци ме носеа кај Аркан, му бев робинка. Бараше да ме однесат кај него и постојано ми зборуваше: Иста си како неа (мислејќи на Цеца). Ме малтретираше се додека не паѓав од немоќ, а потоа ме препушташе на другите.



Девојката која долго време ги трпела сите понижувања од Аркан и неговите војници, нема зборови со кои би ја опишала својата болка.

- Не знам како да го опишам сето тоа понижување, болка и страв кои ги чувствував од тие луѓе, ако се воопшто луѓе. Еден, двајца, тројца... Се редеа задоволувајќи ја својата дивина, иако тогаш се породив. Ме силуваа прво во мојата куќа, бев без свест, а тоа го направија пред моите деца, изјавува М.М.

Нејзината исповед за она што и се случувало ќе биде тема на конференцијата на Меѓународниот протокол за документирање и истражување на случаи кои опфаќаат сексуални насилства за време на конфликти. Најголеми ѕверски работи извршувале резервистите кои доаѓале од Србија, а на кои им заповедал злосторникот Жељко Ражњатовиќ Аркан.

- Живеев со свекрвата, мажот и две деца. Почетокот на април 1992 година, дома ни влегоа неколку Аркановци, со бради и шубари на глава. Мажот ми го удрија и изгуби свест, а потоа и мене. Се разбудив целосно гола и облиена во крв. Лежев немоќна, претепана, силувана, измачена и понижена. Во тој момент мислев дека тоа е најлошото нешто што можеше да ми се случи, а не ни знаев дека пеколот е пред мене. Се редеа на мене со денови, се додека не останував без свест. Аркан ме мачеше. Еднаш ми ја искуба цела коса, мотајќи ја околу раката додека не останав ќелава. Потоа зема бајонет и ме исече на градата.



Едноставно М.М. останала трауматизирана за целиот живот. Ја воделе на линијата кон Орашје, каде што сите војници и правеле што сакале.

- Ме тепаа и ме сечеа по телото. Низ цело тело имам белези, а ги гасеа цигарите од моите гениталии... Сакам да го заборавам тоа ама не можам. Сите белези по вратот, рацете и по целото тело секојдневно ме потсетуваат на тоа.

Нејзиниот пекол траел до 18 април 1993 година, кога еден сосед на нејзините родители успеал да ја спаси, плаќајќи 5.600 германски марки од тоа време.

- Отидов во Тузла, каде што не сместија во камп за бегалци. На 21 година бев целосно ќелава и скршена особено кога докторот ми кажа дека сум бремена. Не сакав да го родам тоа дете, едноставно не можев, низ солзи раскажува оваа несреќна жена.

Денес, таа е 100% инвалид, нема работа, а во војната изгубила 39 членови на семејството. Три пати пробала да се самоубие.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби