10-те најдобри книги за 2014

Уредниците на Амазон ги објавија најдобро продаваните книги за оваа година. Традицијата со тоа е задоволена, иако сме месец ноември. Со оглед на тоа дека доаѓаат новогодишните и божиќните празници, ова е една убава листа на книги кои би ви послужила лесно да го изберете подарокот за некој драг пријател или член на семејството за кој знаете дека сака да чита добри книги.

10. „Station Eleven“ од Емили Ст.Џон Мандел



Откако се проширил страшен вирус во Америка, луѓе се затвораат по своите домови, автопатите се преплавени со автомобили, а луѓе се убиваат во борба за преживување. Дејството на романот е пред, за време и по вирусот, илустрирајќи ги добрите и лошите страни на човештвото во кризни ситуации како оваа.

9. „Big Little Lies“ од Лиан Мориарти

Мистериозен и духовен роман во кој приказната кулминира на крајот, кога една од три австралиски мајки, чии деца учат во ист клас, е пронајдена мртва. Секоја мајка крие тајни за случките во животот во предградието.

8. „The Book of Unknown Americans“ од Кристина Хенригез

Откако трагичната несреќа ќе остави последици на мозокот кај 15-годишната девојка Марибел, семејството Риверас е принудено да го напушти омилениот Мексико и во Америка да пронајде услови за подобар живот. Приказната ги следи и животот на нивниот сосед, Латиноамерканец.

7. „Savage Harvest: A Tale of Cannibals, Colonialism, and Michael Rockefeller’s Tragic Quest for Primitive Art“ од Карл Хофман



Авторот на романот верува дека конечно ја решил мистериозната смрт на Мајкл Рокфелер, исчезнат во 1961 година во Нова Гвинеја. Долгата мистерија за убиството која трае со децении вклучува племе на војници, ловци на глави и колонијализам.

6. „Revival“ од Стефан Кинг

Трилерот кој опфаќа пет децении, ја раскажува опсесијата на Џејми Мортон кон рокенрол музиката и животот на надбискупот Чарлс Џејкобс. Нив ги поврзува трагичното минато и сегашност исполнета со тајни опсесии, па се здружуваат заедно да пронајдат одговори, доаѓајќи до застрашувачки заклучоци.

5. „Redeployment“ од Фил Клеј

Дванаесет кратки приказни за војната во Ирак и периодот по војната, почнувајќи од ужасни случки и пароли, до чувството кое буди враќање дома. Клеј не се осврнува на тривијалноста и патриотизмот, туку маестрално ги афирмира и побива вашите претпоставки.

4. „The Short and Tragic Life of Robert Peace: A Brilliant Young Man Who Left Newark for the Ivy League“ од Џеф Хобс



Ова е биографски роман кој ќе ги промени вашите погледи кон светот, односот на расата, класата и семејството. Се работи за талентиран млад Афроамериканец кој пораснал во сиромашни улици во градот Њуварк, а сепак успеал да добие стипендија на престижниот Јел универзитет. Иако, го остварил американскиот сон, никогаш не чувствувал дека припаѓа овде, што на крај го чинело живот.

3. „In the Kingdom of Ice: The Grand and terrible Polar Voyage of the USS Jeannette“ од Хамптон Сајдс

Дејството е сместено во 19 век, кога богатиот основач и сопственик на The New York Herald, Џејмс Гордон Бент, финансира американска поморска експедиција на Северниот пол. Работите почнуваат да се влошуваат кога бродот се заглавува, а бродското кормило се пробива. Екипажот мора да се бори да преживее, покрај гладта, лудилото и поларните мечки, со надеж дека некогаш ќе се вратат дома.

2. „All the Lights We Cannot See“ од Ентони Доер

Книгата ќе ве окупира и ќе ве натера да размислувате на кој начин може да го живеете животот, но и развивате уметноста опишана во неа. Во книгата се раскажуваат две паралелни стории, една за германско момче, сираче по име Вернер со дарба за правење и поправање радио уреди, а друга за слепо француско девојче, Мари Лорие која живее со својот татко за време на Втората светска војна.

1. „Everything I Never Told You“ од Целесте Нг



Романот го опишува животот на една кинеско-американска фамилија Ли, од периодот на 1970-тите години. Кога им се случува трагедија поради смртта на омилената ќерка Лидија чие тело го пронаоѓаат во едно локално езеро, родителите Мерлин и Џејмс се соочуваат со уништување на семејната хармонија и општ хаос. Авторката длабоко ја опишува потресната животна приказна, преполна со чезнеење и тајни, чии јунаци имаат меѓусебно замрсени односи, упорно трудејќи се да се борат низ животот и да пронајдат разбирање едни меѓу други.

Бидејќи книгите не се достапни на македонски јазик, можете да ги порачате од Amazon или пак да ја симнете оригиналната верзија од интернет.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби