Бебиситерките веќе се нормална работа и во Македонија, особено откако градските градинки се преполни со деца. Поради тоа родителите најчесто се двоумат што да направат, дали нивните деца да ги чуваат баба и дедо, или пак да најмат друга личност која ќе и го доверат своето сè во животот и домот во кој живеат.
Доколку имате по дома бебиситерка тогаш размислете дали ќе ги погледнете видеата кои следат. Имено една бебиситерка е снимена како брутално малтретира, злоставува, па дури и шутира и клоца дета во една приватна куќа во Уганда.
Ужасниот настан се случил откако родителите отишле на работа. Кога родителите ја погледна снимката, гневниот татко и вратил во „иста мера“ на дадилката, која сега се наоѓа во инвалидска количка и се храни на сламка. Таа е веднаш уапсена и транспортирана во затвор во Кампала, каде чека судење.