ФОТО: На Водно се дише - Сонце над мрачното и загушено Скопје!

Магла, што би рекле Скопјани, прст пред око не се гледа. Излегувате надвор и тешко земате воздух бидејќи градите ви се стискаат од тоа што го вдишувате, а сигурно не е само кислород. На главата ви паѓаат некои замрзнати трошки кои ве потсеќаат на филмот Silent Hill.

Така потиштени сигурно едвај чекате да се вратите дома, каде е топло и пријатно. Сепак, зошто да се седи дома кога е викенд? Наместо да запалите кола и да возите 100-на километри до Маврово или пак до Шапка, качете се на автобус кој вози до средно Водно и уживајте на сонцето. Да добро прочитавте! Сонце и тоа на само 10 минути од нас. Како се искачувате по патот до средно Водно така маглата, смогот и чадот се расчистуваат, за на крај да дојдете во ситуација да се запрашате, зошто не сте си ги земале очилата за сонце. Топло, пријатно, чисто... насмеани лица на деца и постари.

 Таква ситуација начекавме вчера, а погледот кон Скопје не остави без коментар. Сивило, тесто од магла, од која се проѕираа само врвовите на трите кули на Џевахир во Аеродром. Уживајте во фотографиите и не заборавајте, секое слободно време искористете го и качете се на Водно.

Доколку можете да пешачите, искористете ги неколкуте скратени шумски патчиња и искачете се на врвот на Водно, напијте се планински чај и легнете да се искончате. Оставете нека ве гали Сонцето...

За следната сабота се планира сончево време, па не заборавајте да излезете од дома и правец кон планина. Дишете чист воздух, ќе ви треба!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби