Не сте пијани! Зградите навистина се испревртени наопаку!

Не, не халуцинирате! Овие згради навистина се изградени со покривот надолу! Ниту се фотошопирани, ниту пак илустрирани. Градбите постојат низ светот.

Австрија



Оваа испревртена куќа била изградена од архитектите Ирек Гловацки и Марек Розански. Дури и внатрешноста е превртена.



Холандија



„Коцки куќите“ изгледаат навистина лудо, но всушност се брилијантни. Покривите им се совршено избалансирани во вид на шестоаголни коцки.



Кореа



Овој кафе бар е толку убав, што изгледа дека сака да се гушне самиот себе.



Во негова близина се наоѓа оваа испревртена куќа.



Овој дом е на еден познат корејски дизајнер за облека, кој решил самиот да си ја дизајнира куќата. Толку многу се внел во дизајнирањето што оставил автомобил да виси на куќата.

Шведска



Изградена од шпанскиот архитект Сантијаго Калатрава, оваа 54-катница се состои од 147 апартмани, спа центар и винарска визба. Се нарекува „Превртено торзо“ и навистина изгледа така.

Чешка



Ко-дизајнерот Франк Гехри ја нарече оваа градба Фред и Џинџер (познати танцувачи) бидејќи навистина потсетува на двајца танчари.

Англија



Оваа куќа е искривена поради пропаѓањето на тлото, но некој архитект ја поправил и го добил она што го гледате на сликата. Навистина е интересна.

Полска



Krzywy Domek на полски значи Луда куќа, што е навистина соодветно име за градбата која изгледа како да се огледува на искривено огледало.

Абу Даби



Можеби ќе ви биде интересна откако ќе сфатите дека оваа зграда, а не кулата во Пиза е прогласена за најкрива кула направена од човекот.

Австралија



Замислете да учевте во оваа зграда! Ова е универзитетот по бизнис во Сиднеј. Интересните форми во надворешноста, се гледаат и во внатрешноста.

Велика Британија



Оваа куќа изгледа како фасадата да и се лизга надолу. Неверојатно! Од каде ли влегуваат луѓето?



Австрија



Оваа куќа изгледа дошла од вселената и застаната на работ од еден музеј во Виена.

Калифорнија



Исто така и оваа куќа, изгледа како и претходната, само што во оваа може да се живее и се наоѓа на врвот на еден универзитет.

Канада



Испревртената црква од американскиот скулптор Денис Опенхеим, е изградена од алуминиум и има црвени стакла.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби