5 лекции кои ги научив од борбата со ракот

Според статистиките на здравствените организации, ракот зема сè повеќе животи секој ден. Една сопруга решила за Huffington Post да ја раскаже нејзината приказна поврзана со оваа болест, која верува дека ќе им послужи на многу кои се соочуваат со вакви моменти кои ги размрдуваат темелите на целото семејство. Еве што вели таа:

Во ноември 1999-та мојот сопруг беше дијагностициран со рак од IV стадиум. Го прашавме онкологот што можеме да направиме. Тој ни одговори „ништо“. Сигурна сум дека не ви е тешко да замислите колку многу нè скрши тој ништожен збор. Бевме шокирани, исплашени и очајни. Еве кои лекции ги извлековме од училницата на оваа болест:



„Знај кога треба да се бориш“

Наспроти песимизмот на докторот, знаевме дека не можеме едноставно да му се препуштиме на ракот. Читавме стручна литература, истражувавме на интернет и баравме луѓе кои го преживеале ракот. Сакавме да знаеме што треба да се јаде, што да се пие, како да се вежба и како да се промени животниот стил. Решивме да ги оставиме лекарите да се борат против ракот со најдобрата наука која постои, а ние да се бориме со храна, фитнес и верба. И се исплатеше. Поминаа 15 години и ракот не се врати ниту еднаш.

„Знај кога треба да се откажеш“

Се разбира, постојат времиња кога требаше да научиме да се откажеме и да ги оставиме работите онакви какви што се. Ми беше екстремно тешко да го гледам Џим како се справува со стравот и исцрпеноста кои доаѓаат заедно со ракот. Сепак, тој добро издржа и научи да се носи со хемо-терапијата, а јас морав да сфатам дека не можам многу да направам за него тука. Ниту можев да го истерам ракот од неговото тело, ниту да ги правам хемо-третманите наместо него. Морав да научам да ја прифатам фактичката ситуација која ни ја донесе животот и да работам соодветно на тоа, отколку да се борам против вистината. Кога ја совладав оваа борба, чувството беше ослободувачко.

„Прифати ја поддршката од другите“

Велат вистинските пријатели се покажуваат во тешките моменти и дефинитивно беше вистинито во нашето патување со ракот. Добивме прекрасна поддршка од нашата фамилија и пријатели, на кои можевме да се потпреме. Многу е важно да им допуштите на луѓето да ви помогнат кога ви е тешко, а со тоа и да си дозволите да си помогнете самите себе.

Како и да е, не можам да кажам дека поминавме низ моменти на изненадување. Имаше такви од нашите пријатели кои нè разочараа, но имаше и такви кои се покажаа како вистински пријатели иако никогаш не го очекувавме тоа од нив. Држете ги таквите луѓе блиску до вас.

„Слави го животот“

Секој кој зачекорил низ долината на смртта знае колку вреди животот кога ќе успее да се избори со опасноста. Со секое изгрејсонце и зајдисонце, со секоја песна на птиците, со секое цутење на цвеќињата, со секој паднат лист во есента – ги славиме сите мали ноти кои ја сочинуваат големата животна симфонија.

Си одвојуваме време да дишеме чист воздух, време да ја вкусиме секоја сочна овошка. Се смееме, играме, поминуваме време со блиските. Колку и да звучи иронично, дури откога ќе и’ погледнеш на смртта во лице, почнуваш да го живееш животот со страст.

„Чудата навистина се случуваат!“

Лекарите му советуваа на мојот сопруг да зачува примерок од сперма во соодветна банка, заради губење на шансите за зачнување после хемо-терапијата. Но, ние бевме фокусирани единствено на борбата против ракот бидејќи Џим не беше во најдобра здравствена состојба. На крајот се потврди дека тоа навистина било единственото нешто на кое требало да бидеме посветени. Години после успешната борба против ракот, јас и Џим станавме горди родители на нашиот прекрасен сим Метју. Метју е нашето мало чудо. Живи сме и заедно сме – имајќи го тоа можеме да поминеме низ сè.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби