15 начини да бидете посреќни во новата 2015

Поставувањето на паметни цели и стремежот кон нивната реализација е нешто на кое треба да работиме и да бидеме активни постојано. Но, исполнувањето на одредена цел, можеби ни гарантира моментално задоволство, но знак прашање е дали ќе успее да ни донесе среќа.

Среќата повеќе зависи од нашиот личен, односно психолошки раст. Од нашиот однос кон самите себе. Тоа се постигнува со навидум суптилни чекори, кои имаат голем ефект.

За да бидете посреќна личност во новата година, треба да обрнете внимание на следните работи:

1. Забавете и уживајте во малите моменти

Престанете со преголемата зафатеност и уживајте во вкусот на храната што ја јадете, слушнете се како размислувате, гледајте го зајдисонцето и научете ги зборовите на омилената песна.

2. Кажете им НЕ на оние кои се тука само за да ви го трошат времето

Вашето време е скапоцено и истото треба да го дарувате само на луѓето кои вистински ви значат. Не можете да се растргнете на сите страни, ниту да бидете сè на секого. Одлучете кои се оние кои ги заслужуваат вашето време и енергија.

3. Бидете поискрени и поотворени кон себе

Што е она што навистина сакате да правите во животот? Конечно раскинете со обврските и навиките кои не ве исполнуваат!

4. Превземајте повеќе ризици

Излезете надвор и „извалкајте се“! Во ред е да грешите и да не успеете – на тој начин ќе имате поголемо искуство, а тоа е основата без која не можете да постигнете успех.



5. Преиспитајте го вашиот круг на пријатели

Размислете колку давате, а колку имате за возврат од пријателите. Дали на луѓето со кои сте окружени можете навистина да се потпрете кога ви е потребно? И што е најважно – успеваат ли да го извадат тие луѓе најдоброто од вас?

6. Сфатете дека не можете да го промените минатото

Престанете да се опседнувате со тоа што било и што можело да биде. Прифатете ги работите онакви какви што се и потрудете се да имате подобро утре кое нема да сакате да го менувате.

7. Одвојте време да помогнете некому на кого сте му навистина потребни

Не заборавајте да го ислушате вашиот пријател и да му подадете рака. Таа личност може да бидете и самите вие.

8. Престанете да наоѓате изговори заради тоа што не го живеете животот од вашите соништа

Доколку другите можат да го сторат тоа, можете и вие. Не зборуваме за невозможни работи, туку за оние за кои утре ќе се каете што не сте ги направиле.

9. Радувајте се за другите

Лажната среќа и глумењето ја цицаат вашата енергија. Радувајте се вистински на туѓиот успех и примете ја позитивната енергија. Убаво ќе би биде кога и пријателите ќе бидат тука да се радуваат за вас.

10. Давајте го она што би сакале да го добивате

Доколку барате искреност, бидете искрени. Покажете им на другите што ви е потребно со тоа што ќе се однесувате така самите вие.



11. Очекувањата оставете ги пред врата

Луѓето растат, се менуваат и прават грешки. Некои ќе би помогнат, додека, за жал, други ќе се обидат да ви наштетат. Не очекувајте премногу од никој за да не бидете разочарани, бидејќи единствената личност на чие однесување можете да влијаете се самите вие.

12. Ценете се

Не грижете се за она што мислат другите за вас. Дозволете си да ви биде удобно во вашата кожа и сакајте се. Доколку зрачите со самодоверба и позитивна енергија, сите ќе сакаат да бидат дел од вашето друштво.

13. Престанете да се согласувате на компромиси кои не ви одговараат

Подобро е да бидете сами, отколку во несреќна врска од која само ќе извлечете фрустрации, потрошено време и неискористени можности.

14. Ценете си ја приватноста

Некои работи задржете ги за себе. Не треба сите да ги известувате за секој детаљ од вашата врска или од вашиот деловен живот, дури и да се работи за многу блиски пријатели или членови на семејството. Зачувајте ги деликатните работи наспроти желбата да кажете или да докажете.

15. Живејте исклучиво за своја намена

Не ја следете толпата, туку вложете ја енергијата да зачекорите по патеката за која сте родени. Верувајте му на сопствениот инстинкт и искршете ги оковите кои ви ги наметнува секојдневието, општеството или оние кои можеби сакаат да ве искористат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби