Пред 46 години, кога Грег бил тинејџер, неговиот новороден син бил даден на посвојување. Од тогаш па се до денес, постојано го барал. Сега доктор Фил го нашол па во својата емисија го изненадил кога неговиот син влегол и им се придружил.
- Овој Божиќ една од најголемите желби коja ja посакувам е да го најдам својот син. Важно ми е да знае дека не го напуштив. Отсекогаш го сакав. Тоа би ми било најубавиот поклон за Божиќ, изјавил Грег.
Емисијата на д-р Фил работи на здружување на луѓе, па така го пронашол и Вендел, синот на Грег. Тој не успеал да ги задржи солзите радосници и вендаш се расплакал од радост.
- Ми беше мило што некој ме бара. Сакам да знаеш дека не се чувствував огорчено или напуштено, туку баш спротивното, сакам да ти се заблагодарам што си ја донел таа одлука, било да е твоја или не, бидејќи луѓето кои ме одгледаа беа најдобрите луѓе на светот и подобри не ни можев да побарам, рекол Вендел.
Тој не ни знаел дали Грег се согласил да го дадат на посвојување.
- Јас немав никакво право на тоа. Твојата мајка беше од богата фамилија и криеше дека е бремена. Мојата мајка, односно твојата баба, сакаше внуци, но тие имаа повеќе пари и моќ и едноставно тоа го направија – те дадоа на посвојување. Јас не знаев што да правам, бев изгубен. Почнав да работам други работи да не мислам на тоа, бидејќи не можев да најдам решение, но секогаш мислев на тебе – без разлика на сè, му кажа неговиот биолошки татко.