Жените кои го раздрмаа светот

Во свет кој воглавно е управуван од мажите, жените мораат да се борат за своите права речиси на сите полиња. Оваа година тоа им успеа на многу жени, а овие осум се меѓу оние кои особено се истакнаа.

1. Жената која ја отвори првата женска адвокатска канцеларија во Саудиска Арабија



Бајан Мамуд ал-Захран ја отвори првата адвокатска канцеларија во Саудиска Арабија која ќе застапува жени и ќе се залага за нивните права.

- Верувам дека женските адвокати можат многу да допринесат за правниот систем. Оваа адвокатска фирма ќе направи историски промени во судските случаи и спорови кои се водат околу жените. Eнтузијаст сум и благодарна сум им на сите кои ме поддржаа во овој историски чекор, вели Бајан.

2. Бразилките кои протестираа против сексуалното злоставување



Откако една бразилска анкета покажала дека 65 проценти од испитаниците сметале дека „провокативно облечените жени заслужуваат да бидат нападнати и силувани, група Бразилки се кренаа на протест против силувањето.

„Било да сум закопчана до грло или сум гола, не заслужувам да бидам силувана“ беше една од протестните пароли.

3. Сузи Волф



Сузи Волф (32) е првата жена која возела Формула 1 за време на тркачкиот викенд, после 22 години.

4. Американските калуѓерки кои ја поддржаа контрацепцијата



Националната коалиција на американски калуѓерки ја поддржа контрацепцијата.

- Сакаме да истакнеме дека не е грев доколку некој користи контрацепција. Грев е да им се одземе на жените правото да го планираат времето на основање на свое семејство, изјавиле од Коалицијата.

5. 13-годишното девојче кое се искачи на Монт Еверест



Малават Пурна (13) од Теланган, Индија, е најмладата жена која го има искачено Монт Еверест.

- Доаѓам од многу сиромашно семејство. Искачувањето на Еверест беше многу потешко отколку што замислував – но, мојата желба да докажам дека „девојка од племе“ може тоа да го постигне, ми даваше сила, изјавила Малават.

6. Ејми Хјуџс



26-годишната Ејми Хјуџс го собори женскиот и машкиот рекорд истрчувајќи 53 последователни маратони.

7. Марјам Мирзахани



Марјам Мирзахани (37) е иранска математичарка, која оваа година стана првата жена која ја освоила најпрестижната награда од областа на математиката – Филдсовата медалја. Оваа награда ја добила за својата математичка теорија за симетријата на заоблените површини.

8. Мејси Вилијамс

17-годишната Мејси Вилијамс не е само опасното девојче Арја Старк, кое го гледаме на малите екрани. Таа јавно и’ се спротистави на забавната индустрија откога медиумите ја искритикуваа кога по втор пат се појави во ист фустан.



- За синоќешното доделување на ТВ наградите го облеков истиот фустан кој веќе го имав носено, а тоа никако не смеев да го направам. Не треба да се носи ист фустан два пати! Зошто? Мене ми се допаѓа. Тоа е убав фустан. Сè е ова едно големо с****е!, напша Мејси на Твитер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби